• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Намалувањето на нивото на „лошиот“ холестерол го продолжува животот

Американските научници тврдат дека држењето под контрола на нивото на „лошиот“ холестерол води до подолг живот.

Лековите за намалување на нивото на „лошиот“ холестерол – статините, се препришуваат за да се спречат компликациите од високиот холестерол, како што се: срцевите заболувања, периферните васкуларни болести и срцевиот удар.

Истражувачите од Универзитетот во Минесота анализирале 840 пациенти кои преживеале срцев удар, на возраст од 38 до 60 години. Пациентите биле поделени во две групи.

Кај едната група било направено премостување во дебелото црево каде се апсорбира холестеролот и им биле дадени совети за промена на режимот на исхрана. Овој вид на операција им се препорачува само на лицата кои се изложени на поголем ризик од срцев удар, а не можат да ги поднесат лековите за намалување на холестеролот.

Испитаниците од другата група добиле само совети за промена на режимот на исхраната.

Било утврдено е дека болните кои имале премостување живееле една година подолго во однос на другите испитаници. Истражувањето започнало во 1975 година, а завршило во 2000 година. Стручњаците тврдат дека намалувањето на нивото на „лошиот“ холестерол навистина го продолжува животот за година дена.

Американските истражувачи истакнуваат дека ова е единствено долготрајно истражување кое ги испитувало ефектите на статините во продолжувањето на животот, со оглед на тоа што траело цели 25 години. Исто така, истражувачите напоменуваат дека ова е единствена рандомизирана контролирана студија која ги анализирала позитивните ефекти на лековите за намалување на холестеролот.

Вискиот холестерол е лош за срцето, но тој остава траги и на некои други важни делови на телото. Шведските истражувачи утврдиле дека мажите со 270 милиграми холестерол по децилитар крв имаат 4,5 пати поголем ризик за развој на рак на тестис отколку испитаниците кои имале ниво на холестерол од 270 mg/dl или понизок.

Исто така, високата концентрација на холестерол во крвта е поврзана со поголем ризик за еректилна дисфункција, за затајување на бубрегот, за цироза на црниот дроб, па дури и за Алцхајмеровата болест.

 

Најчитани наслови