• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Одбранете се од срцевиот инфаркт – научете ги факторите на ризик Печати

Коронарната болест и инфарктот можно е, во многу случаи, да се спречат со едноставни промени на животните навики. При тоа важно е да научиме да ги избегнуваме некои фактори на ризик.

Холестерол

Холестеролот е неопходен составен дел на организмот и неопходен за нормалното функционирање на секоја клетка. Тој е структурен елеменет на сите клеточни и интраклеточни мембрани, а има и посебна улога во некои процеси, како што се: синтезата на холните киселини во хепатоцитите (клетките на црниот дроб), синтезата на стероидните хормони во кората на надбубрежните и половите жлезди, транспортот на липосолубилните (во масти растворливи) витамини (витамините А, Д, Е и К).

Потеклото на холестеролот во организмот може да биде ендогено и егзогено. Повеќето клетки имаат можност самите да синтетизираат холестерол, а друг извор на холестерол е храната која го содржи. Утврдено е дека околу 2/3 од холестеролот настанува со синтезата во организмот (кај возрасните лица тоа изнесува околу 800-900 мг. на ден), а само 1/3 од холестеролот се внесува со храната.

Со оглед на способноста на организмот да го создава во големи количини, со храна доволно е да се внесе само околу 150-300 мг. холестерол на ден.

Нормални вредности на холестеролот во крвта се: 3,10 - 5,5 mmol/l

Хиперлипидемија е состојба кога количините на холестерол во крвта се над 5,5 mmol/l. Хиперлипидемијата е фактор кој значително ја зголемува склоноста кон инфаркт, бидејќи мастите се таложат во коронарните (срцевите) артерии, предизвикувајќи развој на атеросклероза.

Поради атеросклерозата доаѓа до постепено губење на еластичноста на sидовите на артериите. Стеснувањето на крвните садови и намалувањето на нивната еластичност доведуваат до отежната циркулација на крвта во срцето, а со тоа се намалува и снабденоста на срцето со кислород и хранливи материи.

Многу е важно да се одржуваат ниски вредности на холесеролот и триглицеридите во крвта (мора да бидат под 2,3 mmol/l). Поради тоа треба да се внимава на исхраната. Заменувањето на заситените масти со здрави намирници го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Се препорачува во исхраната да се избегнуваат масти од животински потекло, а се повеќе да се консумира риба и многу овошје, зеленчук и интегрални житарици.

Никотин

Кога цел свет би престанал да пуши, значително би се намалиле срцевите заболувања и срцевиот инфарк. Пушачите имаат два пати поголеми шанси да доживеат инфарт, отколку непушачите.

Пушењето е главен фактор на ризик за настанување на ракот на белите дробови, на ракот на усната шуплина, на грлото, на голтникот, на мочниот меур и на многу други карциноми.

Но, пушењето е причина и за голем број немалигни заболувања на дишните патишта и белите дробови (хроничен бронхит, емфизем, и други), на мозокот и мозочните крвни садови (мозочен удар, деменција и др.)

Пушењето ја намалува плодноста и кај мажите и кај жените.

Затоа, треба да се престане со пушење, бидејќи никотинот негативно делува на целиот организам и ги оштетува сите органи и ткива.

Артериска хипертензија

Покачениот крвен притисок или артериската хипертензија е исклучиелно важен фактор на ризик за коронарната болест Покачениот крвен притисок е во директна причинско-последична врска со атеросклерозата, срцевиот удар, но и со мозочниот удар, периферната артериска болест, бубрежната слабост. Заради тоа Светската здравствена организација (СЗО), хипертензијата денес ја смета како прва причина во смрт во светот.

Одржувањето на нормалните вредности на крвниот притисок со нискокалорична храна и со строга контрола на внесена сол, добар е начин да се избегне срцевиот инфаркт.

Нормалните вредности на крвниот притисок се 120-130/80-85 mmHg.

Дебелина

Се проценува дека секој четврти Британец е дебел, а ситуацијата би можела да се влоши до 2050-тата година кога секој втор Британец ќе биде дебел, тврдат научниците од британското Министерство за здравство.

Состојбата не ништо поинаква и во САД, каде се поголем број жители неможат да ја контролираат својата телесна тежина, додека во исто време цигарите полека паѓаат во заборав. Но, дебелината стана ист, ако не и поголем фактор на ризик за настанување на бројни заболувања. Листата на здравствени проблеми кои се предизвикани од прекумерната телесна тежина е долга.

Вишокот на телесна тежина го присулува срцето да работи поинтензивно, па затоа одржувањето на оптималната телесна тежина го намалува ризикот од појава на коронарна болест.

Покрај, кардиоваскуларните заболувања, дебелината го големува ризикот за појава на шеќерната болест, мултиплата склероза, рак и други заболувања.

Дијабет (шеќерна болест)

Дијабет настанува кога во организмот го нема доволно хормонот - инсулин. За да може да работи нашиот организам, мора да обезбеди неопходна енергија. Организмот ја добива таа енергија, така што храната која ја прима ја разградува до гликоза, која понатаму главно ја користи за енергија. Овие процеси се случуваат во цревата и во црниот дроб, а се потпомогнати со одредени ензими.

Гликозата преку крвотокот патува низ целиот организам, но таа не може да се употреби за енергија од страна на клетките, додека не навлезе во нивната внатрешност.

Инсулинот преставува клуч кој што овозможува гликозата да навлезе преку sидот во внатрешноста на клетките. Ако нема доволно инсулин гликозата се натрупува во крвта, клетките нема да имаат доволно енергија за нормална работа, а тие луѓе ќе се чувствуваат болни.

Шеќерната болест ги оштетува крвните садови, па така и коронарните (срцевите) крвни садови и знаително ја зголемува опасноста од појава на срцев инфаркт.

Хиперурикемијата

Хиперурикемијата (зголемената количина на мокрачна кислеина во крвта, која ја предизвикува болеста – гихт) не е сама по себе фактор на ризик, но ги засилува штетните ефекти од ризичните фактори.

Физичка активност

Физичката активност, здравата исхрана и опуштеноста во секојдневните стресни ситуации се 3 основни превентивни мерки.

Лекарите прпорачуваат барем 1 час брзо одење секој ден, со што ќе го надокнадите тоа што претежно сте седите во текот на денот. Можете и да пливате, да возите велосипед по еден час, секој ден или секој втор ден.

Физичката активност не го јакне само телото, туку и духот.