• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Терапија на одржување со Тарцева (ерлотиниб) после прволиниски третман на неситноклеточен белодробен карцином

Пронаоѓањето и употребата на новите лекови за третман на белодробен карцином доведоа до менување на пристапот во лекувањето на неситноклеточниот белодробен карцином, и поместување на границите на ефикасност во третманот.

Комерцијална објава © 2010

Со досегашниот тераписки пристап, после прва линија на хемотерапија (4-6 циклуси на платински базирани дублети во комбинација со Авастин - бевацизумаб), пациентите се оставаа на период на следење, т.н. „watch and wait“ без активна терапија, се до следното влошување на нивната состојба, односно прогресија на болеста. Овој пристап се должеше на фактот дека продолженото давање на хемотерапија не дава никакви дополнителни резултати во лекувањето, а само ја зголемува кумулативната токсичност. Пациентите се истоштени од повеќето циклуси на хемотерапија и едноставно не се во кондиција да го продолжат лекувањето.

Денес, со лекот Тарцева се овозможува нова тераписка можност, т.н. терапија на одржување, со која се овозможува подобра контрола на болеста и подолго преживување на пациентите. Суштината на оваа тераписка доктрина лежи во фактот дека лекот Тарцева нема значајни токсични несакани ефекти, а ефикасно и селективно делува на канцер клетките, со што се овозможува пациентите да продолжат со активен третман со Тарцева веднаш после прва линија на терапија, без да настапи прогресија на болеста. Со ова, пациентите имаат континуиран активен третман, со што се добива значително подолг период на преживување без прогресија на болеста и подолго вкупно преживување. Ова практично значи дека после прва линија на хемотерапија, пациентите продолжуваат да се лекуваат со лек кој ги нема несаканите ефекти од хемотерапијата, ефикасно делува на туморските клетки, а пациентите добро го поднесуваат. Лекот се зема еднаш дневно, во форма на таблета, во домашни услови. Не е потребно пациентите повторно да одат во дневните болници за да примаат терапија.

Клиничка студија САТУРН

Претставува голема интернационална клиничка студија која вклучила 889 пациенти, и ја евалуира ефикасноста на Тарцева ординирана како терапија на одржување, веднаш по завршување на прва-линија на терапија, кога пациентите имале парцијален или комплетен одговор на терапијата или биле во состојба на стабилна болест, без знаци за прогресија на болеста. Сатурн студијата овозможи лекот Тарцева веднаш да биде одобрен од FDA и EMEA, американската и европската агенција за лекови, како терапија на одржување, веднаш по прва линија на третман на неситноклеточен белодробен карцином.

Резултатите од студијата покажуваат сигнификантно продолжување на преживувањето без прогресија на болеста за цели 41%, како и зголемување на вкупното преживување за 23%. Клинички бенефит има кај сите подгрупи на пациенти, независно од хистологијата на туморот.

Најголема корист од терапија на одржување имаат пациентите со:

  • субоптимален одговор на прволинискиот третман
  • перзистентни симптоми на болест
  • помала веројатност дека ќе примат следна хемотерапија
  • лоша прогноза
  • пациентите со стабилна болест, веднаш по прволинискиот третман

Тарцева докажано делува кај двата најчести хистолошки типови: планоцелуларен и аденокарцином на белите дробови.

Пациентите кои примале Тарцева имале намалени симптоми, со значително продолжен период на контрола на главните симптоми (кашлица, диспнеа и болка). Тарцева значително ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на животот на пациентите со белодробен карцином.

Одлична подносливост. Едно од најважните својства на Тарцева е тоа што нема несакани ефекти кои се јавуваат како при традиционалната хемотерапија, како што се миелосупресија, неутропенија или невропатија, кои се исцрпувачки за пациентите.

Осип по кожата и дијареа се најчести забележани несакани ефекти, предизвикани од Тарцева.

Дозирање. Препорачана дневна доза е една таблета од 150 мг, земена наутро, еден час пред јадење или два часа после јадење.

Ерлотиниб претставува единствена орална HER1/EGFR молекуларна терапија, која докажано го продолжува животниот век на пациентите со неситноклеточен белодробен карцином, ординирана како терапија на одржување или како втора-линија на терапија.

Проф. д-р Дејан Докиќ

ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, Скопје

Референци:
  1. Stinchcombe TE, Socinski MA. Current treatments for advanced stage non–small cell lung cancer. Proc Am Thorac Soc. 2009;6:233-241.
  2. Sandler A, Gray R, Perry MC, et al. Paclitaxel–carboplatin alone or with bevacizumab for non–small-cell lung cancer. N Engl J Med. 2006;355:2542-2550.
  3. Socinski MA,0 Schell MJ, Peterman A, et al. Phase III trial comparing a defined duration of therapy versus continuous therapy followed by second-line therapy in advanced-stage IIIB/IV non–small-cell lung cancer. J Clin Oncol.2002;20:1335-1343.
  4. Mok TSK, Ramalingam SS. Maintenance therapy in nonsmall-cell lung cancer: a new treatment paradigm [published online ahead of print August 5, 2009]. Cancer. doi:10.1002/cncr.24563.
  5. Draft Tarceva® (erlotinib) summary of product characteristics, F. Hoffmann-La Roche Ltd., 2009.
  6. Shepherd FA, Pereira JR, Ciuleanu T, et al; for the National Cancer Institute of Canada Clinical Trials Group. Erlotinib in previously treated non–small-cell lung cancer. N Engl J Med. 2005;353:123-132.
  7. Bezjak A, Tu D, Seymour L, et al. Symptom improvement in lung cancer patients treated with erlotinib: quality of life analysis of the National Cancer Institute of Canada Clinical Trials Group Study BR.21. J Clin Oncol. 2006;24:3831-3837.
  8. Harari PM. Epidermal growth factor receptor inhibition strategies in oncology. Endocr Relat Cancer. 2004;11:689-708.
  9. Cappuzzo F, Coudert B, Wierzbicki R, et al; on behalf of the SATURN Investigators. Overall survival analyses from the SATURN phase III placebo-controlled study of erlotinib as first-line maintenance therapy in advanced non-small-cell lung cancer (NSCLC). Presented at: EuropeanCanCer Organisation (ECCO) 15–34th European Society for Medical Oncology (ESMO) Multidisciplinary Congress; September 20-24, 2009; Berlin, Germany. Abstract 22LBA.