• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кажете им НЕ на солариумите Печати

Светската здравствена организација ги прогласила солариумите како најголем ризик за појава на рак на кожата. Солариумите денес се вбројуваат во докажани хумани канцерогени. Зрачењата кои ги емитираат овие вештачки извори се наоѓаат на заедничката листа со радиактивниот плутониум и со радијацијата од сонцето.

Зрачењата од солариумите се посебно опасни за младите луѓе, кои почнуваат да ги користат солариумите пред својата 30-та година од животот.Докажано е дека кај тие луѓе ризикот за појава на меланом се зголемува дури за 75%.

Солариумите ја потемнуват кожата со емитирање на ултравиолетово А зрачење, кое, иако не прави изгореници, значително го зголемува ризикот за рак на кожа.. Солариумите го забрзуваат прераното старење на кожата, ја намалуваат еластичноста и влажноста на кожата, доведуваат до појава на брцки. Повеќето луѓе не се свесни за фактот дека потемнетата кожа добиена во солариумите не не штити и понатаму од изгореници од сонце, бидејќи за нивното настанување се одговорни Ултравиолетовите Б зраци. Тоа значи да солариумот нема ефект „на припремање на кожата за сончање“, предупредуваат научниците.