• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како во лето да ги заштитиме најмладите од јаките сончеви зраци? Печати

Заштитата на најмладите е најважна

Дерматолозите препорачуваат задолжително да се штити кожата на децата од директното сончево зрачење. Тоа значи дека децата треба да си играат во ладовина, под сенка, а никако на песок покрај вода или во плитка вода. Детската кожа треба да се заштити со водоотпорни креми со заштитен фактор од 30 и поголем.

Освен тоа, особено треба да се посвети внимание на заштитната облека на децата. Треба да се покриени сите делови на детската кожа, со памучни или ленени маици, да се носат капи со широк обод, како и заштитни очила со 100% заштита од УВ зраци.

Родителите се во заблуда кога мислат дека мокрите бели маици кои им ги облекуваат на децата ги одбиваат сончевите зраци. Се случува сосема спротивно. Одредени бели ткаенини, по влажењето, пропуштаат многу поголема количина на УВ зраци до кожата.