• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Грозје – за намалување на болките предизвикани од гихт и ревматоиден артрит Печати

Консумирањето на грозје и другите плодови богати со калиум докажано ги намалуваат симптомите на ревматоидниот артрит и ги спречуваат болните напади на гихтот.

Грозјето ги раствора кристалите на мочната киселина

Кога крвта и урината ќе станат благо алкални, киселинските отпадоци полесено се елиминираат, што резултира со намалување на нападите на ревматоидниот артрит и болните симптоми на гихтот. Кристалите на мочната киселина, формирани како резултат на намалената работа на бубрезите, се раствараат во алкалната (базната) урина, и се отстрануват од крвта. Со што се спречува нивното таложење во зглобовите на болниот.

Ако не сакате класични лекови, нека грозјето ви се најде секогаш при рака за да ви помогне да ги намалите и болните симптоми од гихтот. Грозјето е богато со витамини А и Ц и со други антиоксиданси.

Биофлавонидите, кверцетинот, андиоксидансите и витаминот Ц помагаат кај ревматоидниот артрит

Црвеното грозје содржи биофлавоноид познат како кверцетин. Кверцетинот е јак антиоксиданс кој делува со витаминот Ц во стимулирањето на природниот имунолошки систем, кој пак од своја страна се бори против инфекциите, воспаленијата и ракот. Покрај тоа, комбинацијата на антиоксидансите и на витаминот Ц ги намалува болните симптоми на ревматоидниот артрит во зголобовите и мускулите.

Хранливи се и семките

Семките на грозјето содржат материја под името пикногенол. Овој антиоксиданс помага во борбата против болките предизвикани од артритот, при кардиоваскуларни пороблеми, стрес и алергија.

Научниците од Универзитетот Илиноис објавиле дека присуството на ресвератолот, откриен во грозјето, го забавува или запира растот на бенигните и малигните тумори. Истражувањата покажале дека ресвератолот го инхибира растот на туморот во сите фази на болеста.

 

Најчитани текстови