• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како антиоксидансите се борат против слободните радикали? Печати

Како исхраната богата со шарено овошје и зеленчук може да го зајакне нашиот природен одбрамбен механизам и да ја заштити нашата кожа од прерано стареење?

Овошјето и зеленчукот, како и интегралните житарици се богати со антиоксиданси, кои се борат против слободните радикали, кои се создаваат во организмот. Еве како антиоксидансите се борат против слободните радикали.

Молекулите на слободните радикали се обидуваат да ги „украдат“електроните на другите молекули и така создаваат нови радикали. Верижната реакција може да предизвика прерано стареење на кожата, заболувања на срцето, макуларна дегенерација, дијабет и рак.

Антиоксидансите, пак, имаат „дополнителен“ електрон. Тие ги неутрализираат сободните радикали така што го донираат дополнителниот електрон.

Најпознати антиоксиданси се:

  • витаминот Ц, кој се наоѓа во агрумите и зелениот лиснат зеленчук,
  • витаминот Е, кој се наоѓа во јатчестите плодови и семките, во житариците,
  • каротеноидите, кои се наоѓаат во морковот и жолтото овошје и зеленчук.