• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Научете го АBCDE правилото за меланом Печати

ABCDE - правило

А (Asymmetry - асиметрија). Меланомите се асиметрични (едната страна на меланомот изгледа поинаку од другата). Бемките се округли или овални.

B (Border irregularity - ирегуларност на рабовите). Mеланомите имаат нерамни, назабени, нејасно ограничени рабови. Бемките се јасно ограничени, со мазни рабови.

C (Color - боја). Меланомите се разнобојни и имаат делови со кафена, црна, сина, црвена, розова, сива или бела боја. Бемките се еднобојни, кафени или потемни.

D (Diameter greater than 6 mm - дијаметар поголем од 6 мм). Меланомите обично се со дијаметар поголем од 6 мм. Некои меланоми може да бидат и помали. Бемките се најчесто помали од 6 мм, не ја менуваат својата форма и големина.

E (Evolution –eволуција). Меланомите брзо растат, ја менуваат формата или бојата. Бемките со години остануваат со иста големина, форма и боја.

Доколку забележите и најмала промена на кожата или на постоечката бемка, веднаш отидете на лекар.

Редовни прегледи кај дерматолог го откриваат почетниот меланом.

Обрнете внимание на осумте точки кои ќе ви помогнат да разграничите дали некоја бемка е сомнителна за рак на кожата или не. Тие се:

  1. дали постоечката бемка расте или дали се појавува нова бемка,
  2. дали бемката има неправилни и назабени ивици,
  3. дали се променила бојата на бемката во кафена или црна,
  4. дали бемката е поголема од 6 mm во пречник,
  5. дали е бемката воспалена или има црвени ивици,
  6. дали постои крварење, влажење или стварање на красти,
  7. дали постои јадеж,
  8. дали постои јазол околу бемката,
Важно: Доколку се примети било каква промена на кожата која е сомнителна, долго време постои, не заздравува и се шири, треба да се побара стручна помош.