• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Терапија кај малиген меланом Печати
Индекс на артикл
Терапија кај малиген меланом
Хирургија
Адјувантна имунотерапија
Радиотерапија
Сите страници

По поставувањето на патохистолошката дијагноза на малигни меланом, за да се спроведе адекватна терапија, потребно е да се одреди стадиумот на болеста. Ова е многу важно, бидејќи различни стадиуми и различно се лекуваат.

Стадиумот на меланомот се одредува врз основа на вертикалната инвазија во милиметри (класификација по Breslow) и/или анатомското ниво на инвазијата (класификација според Clark) при хистолошкиот преглед од оперативниот материјал.

Класификацијата по Breslow попрецизно го предвидува однесувањето на малигниот меланом кај лезии со дебелина поголема од 1.5mm и има најголемо значење за одредувањето на прогнозата и пеживувањето.

Најшироко применуван систем за одредувањето на стадиумот на болеста е оној на Американското здружение за рак (American Join Committee on Caner-AJCC).

Тераписки модалитети кои се на располагање за лекување на малигниот меланом се: хирургија, биолошка терапија, хемотерапија и радиотерапија. Кој од овие модалитети или комбинација од нив ќе се примени, зависи од големината на туморот, од стадиумот, возраста на пациентот, како и неговата општа состојба. Според тоа третманот на меланомот е индивидуален и се одредува за секој пациент одделно.

Сепак хируршкото лекување е основен тераписки модалитет, кој се применува во сите стадиуми на болеста.