• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија кај малиген меланом - Лист 4 Печати
Индекс на артикл
Терапија кај малиген меланом
Хирургија
Адјувантна имунотерапија
Радиотерапија
Сите страници

Радиотерапија

Меланомот во минатото бил погрешно класифициран во радиорезистентни тумори. Во некои случаи, меланомот може добро да одговори на радиотерапијата, но во некои не. Радиобиологијата на меланомските клетки покажува разлики во однос на другите туморски клетки. Денес се смета дека треба да се користат високи фракциски дози во подлог временски период. Бидејќи меланомот има голем капацитет за репарирање на оштетените клетки од зрачењето, теоретски, неколку високи дози би биле поефикасни, отколку повеќе ниски дози.

Примарната радиотерапија кај кожниот меланом се применува само кај „лентиго малигна“ обликот, бидејќи радиотерапијата дава подобар козметички ефект за разлика од хирургијата.

Радиотерапијата, како примарен третман се користи со голем успех кај меланомот на окото, како алтернативна метода на хирургијата. Таа се спроведува со радиоактивен бета емитер, рутенум 106. Се користат т.н. рутенумски прочки, кои се имплантираат хируршки над локализацијата на меланомот и пациентот ги носи во тек на 5 до 7 дена. Со овој вид на терапија можно е сочувување на видот.

Радиотерапијата како палијативна медота се користи во третман на далечните метастази, како и при компресија на рбетниот мозок, поради присутни коскени метастази.