• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија кај малиген меланом - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Терапија кај малиген меланом
Хирургија
Адјувантна имунотерапија
Радиотерапија
Сите страници

Адјувантна имунотерапија

Во стадиум II и III на меланом, се препорачува адјувантна (постоперативна) имунотерапија со интерферон алфа-2. Интерферонот покажал предност во однос на другите моноцитостатски или полицитостатски протоколи во овој стадиум на болеста.

Средното преживување на пациентите кои примале интерферон било 3.8 години, а кај оние кои биле само следени било 2.8 години.

Интерферонот дал предност само во стадиум II и III на болеста, додека во другите стадиуми на болеста, не покажал сигнификантни резултати.

Хемотерапија

Хемотерапијата се применува само во стадиум IV на болеста. Стандардна хемотерапија за меланомот е монотерапијата со DTIC (Dacarbazine).

DTIC претставува т.н. златен стандард, според кој се споредува ефикасноста на другите моноцитостатски или полицитостаски протоколи.

Стапките на одговор на хемотерапијата кај меланомот, обично, се ниски и краткотрајни и изнесуваат од 20% при моноцитостатска терапија со DTIC, па сé до 45% кај полицитостатските протоколи со Oncovin, Cisplatin, Taxol и Tamoxifen.

Постојат бројни клинички студии кои се во тек и кои ја испитуваат ефикасноста на различни цитостатици во лекувањето на малигниот меланом. Под евалуација се и протоколите со високи дози на хемотерапија со автологна трансплантација на коскена срцевина, но за сега тие не дале поволни резултати.