• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија кај малиген меланом - Лист 2 Печати
Индекс на артикл
Терапија кај малиген меланом
Хирургија
Адјувантна имунотерапија
Радиотерапија
Сите страници

Хирургија

Хирургијата е сеуште терапија на избор во третман како на примарниот кожен меланом така и на локорегионалниот релапс и на солитарните оддалечени висцерални метастази.

Хируршки третман на примарниот кожен меланом

Операцијата треба да се изведува во општа или регионална (спинална) анестезија, со цел да се избегне расејувањето на меланомските клетки, во случај на давање на инекција на локален анестетик.

Хируршка ексцизија на лезијата во нејзина длабочина е неопходна за одредување на стадиумот на болеста. Колку ќе се оди хируршки во здраво од видливиот тумор, ќе зависи од клиничкиот стадиум и патолошкиот наод за проширеноста на туморот во длабочина (Breslow или Clark).

При хируршката ексцизија на лезијата, се препорачува широка ресекција во здраво, и тоа во зависнот од длабината на лезијата.

Кај лезии со вертикална инвазија помала од 1 mm се препорачува конзервативен третман со маргини од 1 cm во здраво.

Кај лезии со поголема вертикална инвазија (длабина) се препорачува поширока ресекција со одење во здраво до 3 cm, но не и повеќе.

Неодамнешните студии покажаа дека намалувањето на маргините од 4 на 2 sm, кај лезии класифицирани како Т1 и Т2 (Breslow < 1.5 mm, Clark II и III), нема влијание врз преживувањето, а се намалува потребата од кожен графт (Wolf или Thiersch), а со тоа и времето на хоспитализацијата.

Хируршки третман на регионалните лимфни јазли

Елективната ресекција на локорегионалните лимфни јазли во I и II стадиумот на болеста не дала сигнификантно подобрување на севкупното преживување. Затоа таа е напуштена во многу хируршки центри. Не е рационално да се спроведе ресекција во случаите кога нема клинички видливо зафаќање на регионалните лимфни јазли. Клиничките студии не покажале предност во преживувањето кај пациентите со елективна ресекција на регионални лимфни јазли.

Ресекција на лимфните јазли се препорачува во стадиум III и IV на болеста, кога постои клиничка зафатеност на регионалните лимфни јазли.

Селективна лимфонодална дисекција кај лезии до 1.5 mm, со клинички незафатени лимфни јазли (не постои видливо зголемени лимфни јазли) е можеби најадекватен тераписки пристап. Оваа техника се базира на биопсија на сентинелен лимфен јазол, кој претходно е одреден со специјален контраст. Теоретски, сентинелниот лимфен јазол е првиот јазол кој е на удар при ширењето на туморот во лимфните јазли и во кој прво се дренира примарниот тумор.

Бројни студии покажале позитивни ефекти од оваа техника. Резултатите покажале дека кај површни меланоми (1mm) биле најдени микрометастази во сентинелниот лимфен јазол во околу 20%.

Хируршки третман кај локален и регионален релапс

Локалните и регионални релапси на болеста, исто така, се лекуваат хируршки.

Кај локално напредната болест на екстремитетот, пред да се изврши радикален оперативен третман, се спроведува изолирана перфузија на цитостатик во зафатениот екстремитет.

Хируршки третман на изолирани солитарни метастази

Палијативната хирургија може да биде од голема корист за пациенти со солитарни далечни метастази, со оглед наа слабиот одговор на другите тераписки модалитети. Така може хируршки да се отстранат солитарни метастази во мозокот, коските и во висцералните органи (бели дробови, црн дроб). Во некои случаи, периодот без болест е задоволителен, а исто така и квалитетот на живот на пациентот.