• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Терапија на немеланомски кожни карциноми Печати
Индекс на артикл
Терапија на немеланомски кожни карциноми
Радиотерапија
Сите страници

Терапијата на ракот на кожата ја врши лекар-специјалист, по дефинитивно поставената патохистолошка дијагноза.

Тераписки модалитети кои се на располагање за лекување на немеланомски кожни карциноми (базоцелуларен и планоцелуларен) се: хуругија, радиотерапија и хемотерапија. Која од овие тераписки модалитети ќе се примени или нивна комбинација, зависи од клиничкиот изглед, големината на туморот, неговата локализација и хистолошкиот тип на туморот. При тоа, од голема важност е да се одреди и стадиумот на болеста. Тој се утврдува според TNM класификацијата, односно, според големината на туморот (Т), нодалниот стадус ( присуство или отсуство на метастатски лимфни јазли) и присутни далечни метастази (М).

Според оваа класификација се разликуваат три стадиуми на болеста:

  • Стадиум 1.
    Тука спаѓаат тумори кои се површински или егзофитични и чија големина е до 2 sm.
  • Стадиум 2.
    Овој стадиум ги вкучува сите тумори со која било големина, но со присутни метастази во регионалните лимфни јазли.
  • Стадиум 3.
    Во овој стадиум спаѓаат туморите со присутни далечни метастази (метастатска болест).

Хируршки третман

При хируршкото лекување на примарниот кожен карцином важи правилото дека планоцелуларниот карцином треба да се лекува поагресивно од базоцелуларниот. Кај хируршкиот третман на планоцелуларниот тумор, операцијата се изведува со пошироки рабови, било во длабина, било во ширина. При тоа, треба да се внимава и на можните метастази во регионалните лимфни јазли. Во случај кога се зафатени и регионалните лимфни јазли, покрај хируршкото отстранување на туморот, се отстануваат и метастатските лимфни јазли.

Земајќи предвид дека базоцелуларниот кожен карцином споро расте и ретко дава метастази, контролата на локалната болест, често значи и излекување. Според тоа, кај малите базоцелуларни лезии, оперативниот третман е и дефинитивна т.е. единствена терапија, која доведува до комплетно излекување.

Сепак, доколку при оперативниот третман, посебно кај тумори со големи димезии, не се извади туморот во целост, потребно е да се спроведе постоперативна (адјувантна) радиотерапија, која го намалува ризикот од појава на локален рицидив.

Како можни хируршки процедури се: киретажа и електродисекција, хируршка ексцизија и Мошовата (Mosch) микрографска криохирургија.

Киретажа и електродисекција

Оваа хируршка процедура се изведува во локална анестезија и е погодна за малите тумори. Со помош на кожна кирета се отстрануваат туморите, по што следува електродисекција на околината со ласер.

Процедурата потоа се повторува вниматено 2 или повеќе пати.

Овој тераписки пристап се препорачува за површински лезии помали од 0.5 sm, но е контраиндициран за морфеа типот и за рекурентните тумори.

При овој вид на хируршки третман не се добива материјал за патохистолошка анализа, па затоа и адекватноста на третманот неможе да се процени.

Хируршка ексицизија

Ова е хируршка процедура, при која се отстранува клинички видливиот тумор во целост. Овој хируршки третман се препорачува за базоцелуларните кожни карциноми поголеми од 2 sm и за планоцелуларни карциноми поголеми од 1 cm.

Во зависност од големината на туморот и патохистолошкиот тип, се оди во здраво од 0.5 до 3 sm.

Мошова микрографска хирургија

Со оваа техника се врши ексцизија на промената и може да се одреди стадиумот со моментално испитување на целата ивица со сериски хоризонтални пресеци.