• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Дознајте зошто хељдата е прогласена за „суперхрана“ Печати

Хељда (Fagopyrum esculentum) е многу здрава намирница, која кај нас ретко се користи во секојдневната исхрана. Иако спаѓа во помалку заборавените намирници, хељдата некогаш, покрај компирот, била основна храна на селаните. Таа е многу едноставна за одгледување, бидејќи успева на сирмашна, изразито песоклива и влажна земја.

Многу лекари докажале дека хељдата е идеална намирница за приготвување на природно здрави и диетални јадења. Таа помага и во лекување на многу здравствени проблеми.

Белковините од хељдата се поквалитетни од белковините на другите житарици и полесно се сварливи. Таа е многу корисна за органите за варење. Го подобрува варењето на храната и работата на цревата.

Хељдата содржи и витамин Б1 и Б2, како и витамин П, кој е одличен за јакнење на крвните садови. Чајот од лист и цвет на хељда се користи како превентива и лековито средство кај атеросклерозата, која е последица од зголемен крвен притисок. Затоа хељдата им се препорачува на пациентите со кардиоваскуларни заболувања и висок крвен притисок.

Хељдата ги ублажува несаканите ефекти од хемотерапијата или радиотерапијата.

Истражувањата покажале дека застапеноста на оваа намирница во секојдневната исхрана помага во превенцијата на шеќерната болест и болестите на кардиоваскуларниот систем.

Чајот од хељда го подобрува памтењето и концентрацијата, па затоа ја нарекуваат идеална храна за мозокот.

Народната медицина ја препорачува хељдата при лекување на ревматизам, глауком и шеќерна болест.

Чајот од цветовите на хељда има лековито дејство на дишните патишта и белите дробови, а мешавината од листови и цветови од хељда е природен лек против атеросклероза на крвните садови.

Чајот од семето на хељда е корисен при несоница и вознемиреност.

Чај за лекување на атеросклерозата и јакнење на отпорноста на капиларите
  • 2 чајни лажички осушена билка
  • 2 децилитри вода

Припремање: со зовриена вода прелијте ја осушената билка. Поклопете го садот и оставете го да одстои 15 минути. Потоа процедете го и пијте по 2-3 шољички чај денвно. За добар резултат, терапијата со чајот би требала да трае 4-8 недели.

 

Најчитани текстови