• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Април – Национален месец за подигање на јавната свест за Стресот

Health Resource Network (NRN) e непрофитна здравствено-едукативна организација која е основана во 1982 година. Организацијата ја сочинуваат доктори, здравствени едукатори, експерти за промоција на здравјето, како и други здравствени професионалци кои работат на развивање на нови и поефективни програми за подобрување на здравјето и спречување на болестите.

Покрај другите активности, организацијата секоја година го поддржува и спонзорира Месецот на Стресот (Април 1-30) и Националниот ден на Стресот (16 април) за да ја зголеми јавната свест за стресот.

Оваа година по 19 пат е прогласен Април за Национален месец на Стресот (April - Stress Awareness Month). Во тек на триесет дена, здравствените експерти и промотори од САД ќе ги здружат своите сили за да ја подигнат јавната свест за причините и начините на лекување на модерната стрес епидемија.

Спонзориран од страна на Health Resource Network (NRN), непрофитна здравствено едукативна организација, Месецот на Стресот претставува национален, кооперативен напор за подобра информираност на луѓето за опасностите од стресот, за успешните стратегии за негово надминување и за штетните заблуди за стресот, кои се распространети во нашето општество.

„Иако сме научиле многу за стресот во изминативе дваесет години, ни претстои уште долг пат“, вели Dr. Morton C. Orman, основач и директор на NRN. Денес се достапни нови информации кои можат многу да им помогнат на милиони Американци за да го елиминираат своето страдање.

Dr. Orman ги повика водечките здравствени организации во САД да ги пренесат корисните едукативни материјали и другите информации во врска со стресот во текот на месец април. Dr. Orman, исто така, организира јавни форуми, групи за дискусија, и други информативни настани.