• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како до емоционално и психичко здравје? Печати

Автор: Др. Дарко Стојановски

Вашиот нервен систем е првото нешто што е нападнато при состојби на стрес, напнатост и емоции. Според тоа, има големо значење доколку го намалите ова деструктивно влијание во животот, до највисоко можно ниво.

Индивидуите кои бараат решенија наместо да се жалат за проблемите, генерално се поздрави отколку останатите. Понекогаш решението не е промена во ситуацијата, туку, промена во ставот и однесувањето. Вежбајќи ја способноста да се справите со потешкотиите и да останете мотивирани е клучот да останете задоволни.

Шест суплементи кои го помагаат вашиот нервен систем

Обрнете внимание на овошјето, зеленчукот и житариците кои се богати со магнезиум, како и рибите од студените води, како лосос кои се богати со Омега-3 есенцијални масни киселини како и со магнезиум. Млечните производи овозможуваат поддршка на нервниот систем, бидејќи се богат извор на калциум, меѓутоа обратете повеќе внимание на ниско-калоричните продукти. Како и да е, шест суплементи кои навистина се повеќе од потребни за вашиот нервен систем се:

  1. Есенцијални масни киселини- од нив имаат корист сите клетки во организмот, вклучително и нервните, на кои им помагаат во спроведувањето на нервните импулси. Омега-3 есенцијалната масна киселина, како и ДХА (докозахексаеноична киселина) и ЕПА (икозапентаеноична киселина) е многу важна иако нејзините извори од храната се многу ограничени.
  2. Калциум – важен е за нервните импулси, особено заедно со магнезиумот.
  3. Магнезиум - број еден суплемент за смирени нерви! Како што е калциумот за коските, така е магнезиумот за нервите. Важен е за нервните импулси, и неговиот недостаток доведува до раздразливост и нервози.
  4. Б-комплекс – Б витамините, честопати се нарекуваат и стрес витамини, бидејќи се од витално значење за нервниот систем. Извори богати со овие витамини се кафен ориз, житарици, листести зеленчуци и пивскиот квасец.
  5. Лецитин – богат е со холин, кој е неопходен за соодветен пренос на нервните импулси од мозокот до централниот нервен систем, а исто така ги заштитува и поправа оштетените нерви. Дневните дози се движат од 1200 до 2400 мг во форма на софтгел капсула.
  6. Камилица – се препорачува за секого кој има потреба од намалување на стресот, во форма на чај, суплемент или есенцијално масло.