• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Несоница и нутрициенти кои се борат против истата

Автор: Др.Дарко Стојановски

Недостатокот на некои витамини, минерали, амино киселини и ензими можат да го попречат спиењето, како и недостатокот на калциум, магнезиум, фолна киселина и Б витамините.

  1. Калциумот, особено во состав на храната, има смирувачки ефект врз организмот. Недостатокот на калциум во организмот доведува до немир и слабост. За возрасни, дозите од околу 600 мг течен калциум се покажале дека имаат релаксирачки ефект.
    Дозите се движат од 1500-2000 мг на ден, во поделени дози, после јадење и пред спиење.
  2. Магнезиумот, во дози од околу 250 мг, може да помогне во заспивањето. Недостатокот на магнезиум е одговорно за нервоза која го спречува спиењето. Храна богата со магнезиум е келп, бадеми, индиски ореви и пивски квасец.
    Дозите се движат околу 1000 мг. дневно.
    Недостатокот на калциум и магнезиум може да предизвика грчеви на нозете за време на ноќта. Калциумот и магнезиумот имаат смирувачки ефекти врз мозокот. Тие се есенцијални за нормално спиење. Калциум и магнезиум земени 45 минути пред спиење имаат смирувачки ефект. Користете ги во однос 2:1, како на пример 500 мг. на калциум и 250 мг. на магнезиум.
  3. Б витамините е познато дека имаат смирувачки ефект врз нервите.
    Витамин Б6 суплементите од 50 до 100 мг. на ден можат да помогнат во превенцијата на несоницата. Пивскиот квасец е одличен извор на витамин Б6.
    Витамин Б12 е уште еден потребен суплемент за третирањето на несоницата. 25 мг на витамин Б12 , со додаток на 100 мг. на пантотенска киселина (витамин Б5) во голема мера помага при несоница. Најдобри извори на Б витамини се црниот дроб, житариците, никулците, туна, лешници, кикирики, банана и сончоглед.
    Инозитолот го подобрува РЕМ спиењето. Земете 100 мг на ден, пред спиење.
  4. Хромот е честопати користен кај луѓето кои имаат висок крвен шеќер (дијабетичари) кој ги одржува будни навечер. Пивскиот квасец е добар извор на Хром. Доколку преферирате суплементи, дневната доза е 250 до 500 микрограми.
    Смирувачките билки, како што се хмељ (Humulus lupulus), валериана (Valeriana officinalis) и камилица (Matricaria chamomilla), се користат за релаксација на нервниот систем, што помага за природно, обновувачко спиење.
  5. Валериана (Valeriana officinalis)
    Валерианата има релаксирачки и заспивачки ефект, ги намалува спазмите, ја подобрува дигестијата и го намалува крвниот притисок. Корисна е за чести несоници и несоница пропратена со болки, грчеви, менструални болки, напнатост, анксиозност и пренадразнетост.
    Валерианата овозможува мирен сон без утринска поспаност или други несакани ефекти или опасност од зависност. Студиите покажаа дека валерианата има огромна корист за луѓето кои малку или неправилно спијат (особено жените), како и за луѓето кои имаат тешкотии во заспивањето.
    Валерианата покажува ефект споредлив со тој на бензодиазепините, како и способност да ги зголеми фазите на длабоко спиење 3 и 4. Валерианата, како и да е, не предизвикува дневна поспаност, а исто така нема никакви ефекти врз физичките перформанси, во смисла на намалување на истите.
    Валерианата, како и секое средство за помагање на спиењето, делува како депресант на централниот нервен систем, и не треба да се употребува секоја вечер. Најдобро е ако се зема околу 45 минути пред спиење.
  6. Хмељ (Humulus lupulus)
    Хмељот е релаксирачка, смирувачка билка која предизвикува спиење, а има и антисептички својства.
    Добар е за генерална несоница, особено асоцирана со напнатост и анксиозност, или немир, проблеми со дигестијата или главоболки.
    Хмељот не треба да се зема доколку имате депресија, како и првите три месеци од бременоста.
  7. Камилица (Chamaemelum nobile)
    Камилицата е смирувачка билка, ја подобрува дигестијата, ги отстранува грчевите и болките, а исто така делува како антисептик и помага во заздравувањето на раните.
    Исто така добра е за анксиозност и воспаление.
 

Прочитајте и: