• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман Печати

Следење на пациентите

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот. Белодробниот карцином бара доживотно следење (follow-up). Следењето на пациентот е од голема важност за рано откривање на рецидив или прогресија на болеста. Редовните рутински контроли овозможуваат рано и навремено откривање на рецидивите или прогресијата на болеста, со што се овозможува и навремено спроведуавње на адекватна терапија, при што и ефектот од спроведената терапија е подобар.

Пациентите во текот на првите шест месеци по завршувањето на третманот, се следат еднаш месечно, потоа на два до три месеци до третата година, на шест месеци во наредните две години, а потоа, еднаш годишно.

При контролните прегледи, внимателно се зема анамнеза, се прави физикален преглед по системи, рендгенграфија на белите дробови, ехо на абдомен и рутински лабораториски испитувања.

Доколку постои суспектен наод за рецидив или прогрес на болеста, се прават дополнителни испитувања, кои се слични со оние за поставување на дијагнозата.