• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Catuaba Bark - Кора од Катуаба Печати

Автор: Др.Дарко Стојановски

Катуаба (Erythroxylum catuaba) е вид на ниско грмушесто дрво со жолти и портокалови цветови кое расте во шумите на северен Бразил. Извонредните афродизијачки и енергетски својства на ова растение први ги откриле Тупи индијанците кои ја џвакале кората од катуаба за да имаат повеќе енергија за време на нивниот лов низ Амазонските шуми.

Хемиската градба на катуабата вклучува алкалоиди, танини, ароматични масла, масни резини, фитостероли, циклолигнани, секвитерпени и флавоноиди. Катуабата е најпознатото афродизијачко растеније во Бразил со долга историја на употреба за подобрување на ерекцијата и подобрување на функцијата на простатата. Поседува и антибактериски и антивирусни карактеристики особено за инфекции со E.Colli и S.Aureus. Катуабата покажува допамин - медирано антидепресивно дејство со што има потенцијал во третманот на депресивни заболувања.

Катуабата се смета за стимулант на централниот нервен систем со афродизијачки карактеристики, најчесто употребувана за сексуална импотенција, вознемиреност, нервоза, невралгија, слабост, слаба меморија и заборавеност, несоница, хипохондриа, генерална исцрпеност и замор.

Интересно е дека катуабата показува анти HIV дејство преку инхибиција на абсорпцијата на HIV вирусот во клетките со што има потенцијал во третманот на HIV позитивните пациенти.

Медицинска примена:

  • афродизијак и либидо стимулант кај двата пола, третман на еректилна дисфункција, импотенција, неплодност и подобрување на функцијата на репродуктивните органи;
  • тонирање, балансирање и смирување на ЦНС (нервни болки, исцрпеност, хиперстимулација)
  • нервози, емоционален стрес и инсомниа (поврзани со хиперактивни невротрансмитери)
  • слаба меморија, Алцхајмерова болест и деменција
 

Најчитани текстови