• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Екстракт од палмата Акаи Печати

Автор: Др.Дарко Стојановски

Акаи палмата е широко распространета во цела Јужна Америка, долж водните текови во Бразил. Акаи палмата исто така се одгледува во голема мера за комерцијални цели во органски услови во широкото речно устие на Амазон.

Содржи витамини Ц, А, Б1, Б2, Б3 и Е, калциум, калиум, железо, манган, бакар, цинк, аспартска и глутаминска киселина, 19 различни амино киселини, олеинска, палмитинска и линолеинска киселина (омега 3, 6 и 9 масни киселини), растителни стероли (бета-ситостерол, кампестерол и сигмастерол), полифеноли, антоцианини, 12 состојки слични на флавоноидите, проантоцианиди и мали количини на ресвератрол.

Антоцианините и флавоноидите се силни антиоксиданси кои му овозможуваат на телото да се бори со секојдневните стресори, а исто така учествуваат во протективниот систем на клетките.

Обезбедува зголемени енергетски нивоа, подобрен сексуален перфоманс (зголемено либидо), подобрена дигестија, детоксификација, подобар изглед на кожата, подобрено срцево здравје, подобар сон и намалување на нивото на холестерол.

Acai Berry се најпознати како суплементи за намалување на телесната тежина и забавување на процесот на стареење. Намалувањето на телесната тежина се објаснува со покачувањето на метаболизмот кои тие го овозможуваат и засилена разградба на мастите, покачени енергетски нивоа и борба со заморот.

Големата количина на антиоксиданси присутни во Acai Berry го превенираат оксидативниот стрес и клеточното оштетување преку неутрализирање на слободните радикали, со што можат да помогнат во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања, канцер, мозочен удар, Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

Медицинска примена:

  • намалување на телесната тежина
  • покачување на енергијата во организмот
  • подобрена дигестија
  • подобрен сон
  • подобрено ментално здравје
  • посилен имун систем
  • поздрава кожа
  • детоксификаија на организмот
  • подобрена циркулација и здраво срце
 

Најчитани текстови