• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
L-Carnitine – Л-Карнитин

Автор: Др.Дарко Стојановски

Л-Карнитинот е аминокиселина која во висока концентрација е присутна во мускулното ткиво и се синтетизира во телото од аминокиселините лизин и метионин. Л-Карнитинот е присутен во органското црвено месо и месните преработки, како и во млекото и млечните производи.

Л-Карнитинот игра есенцијална улога во метаболизмот на мастите, а негова основна функција е транспорт на мастите преку мембраните на клетките до митохондриите каде што се користат како извор на енергија.

Л-Карнитинот е природно присутен во мозокот и нервните ткива, мускулите и срцето.

Оваа неесенцијална аминокиселина има повеќе клучни функции и позитивни ефекти и тоа:

  • Ја подобрува менталната будност и концентрација;
  • Помага во забавување на процесот на стареење;
  • Ги подобрува атлетските перформанси и ја зголемува силата и издржливоста;
  • Помага при согорување на вишокот масти во организмот и е одличен избор за сите оние кои сакаат да ги редуцираат масните наслаги;
  • Обезбедува дополнителна енергија потребна за тренинг;
  • Помага во редукција на млечната киселина која се создава во мускулите и со тоа се скратува периодот на опоравување и релаксација по напорен тренинг.
 

Прочитајте и: