• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Мака (Lepidium meyenii) – билка како храна и лек Печати

Мака (Lepidium meyenii) е билка која има корен во вид на ротквица и расте на висока надморска височина на падините на Андите во Јужна Америка. Оваа билка содржи уникатен микс од витамини, минерали, есенцијални аминокиселини, масни киселини, фитостероли и протеини, поради што се користи како храна и како лек.

Оваа древна легендарна билка од Јужноамериканкиот регион е позната како афродизијак и тоник за подобрување на целокупното здравје. Таа е популарна ширум светот како моќен биолошки енергетик кој ги подобрува психофизичките способности и ја зголемува плодноста кај мажите и кај жените.

Мака содржи бројни хемиски компоненти во кои спаѓаат: алкалоиди, стероли, танини, сапонини и кардиотонични гликозиди кои ја зголемуваат издржливоста и го засилуваат имунолошкиот систем кој го штити телото од многубројни инфекции и заболувања.

Малку е познато дека маката е побогата со калциум од млекотo, па поради тоа е многу корисна во борбата против остеопорозата.

Калциумот, фосфорот, витамините Б1 и Б12м , како и масните киселни благотворно делуваат на нервниот систем, го подобруваат апетитот и позитивно влијаат на варењето на храната.

Стеролите, калциумот и витаминот Ц кои ги содржи маката помагаат во изградбата на мускулната маса и за зголемуваат физичката издржливост. затоа оваа билка е една од додатоците на исхраната која ја користат врвните спортисти.

Атлетите и спортистите можат да ја користат Мака како енергетик, а лицата кои страдаат од хормонална дефициенција или намалено либидо исто така можат да ја консумираат оваа чудесна билка за да го подобрат сексуалниот живот и перформанси.

 

Оваа билка има бројни позитивни ефекти врз човековото здравје, и тоа:

  • Го зголемува либидото кај машкиот и женскиот пол;
  • Ја подобрува еректилната функција и ги намалува симптомите на импотенција кај мажите;
  • Ја подобрува сперматогенезата и нивото на тестостеронот во организмот;
  • Ја зголемува енергијата, виталноста и го подобрува психо-физичкото здравје.
 

Најчитани текстови