• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ВАШИ ПРАШАЊА: Оперирана од медулобластом пред 4 години Печати
Оперирана сум од meduloblastoma cerebre во пределот на малиот мозок пред 4 години. Сега одам на контрола на секои 6 месеци на МР. На последните два прегледа ми кажаа дека на местото на туморот имам видлива атрофична шуплина, а останатото е се во ред. Дали е ова опасно?

Одете редовно на контроли како и досега. Овој наод на атрофична шуплина не е опасен и не значи дека има тумор.

Со почит,

Др. Л. Ацева