• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ВАШИ ПРАШАЊА: Ситноклеточен карцином на белите дробови Печати
Пред 1 месец на мојот татко му најдоа ситноклеточен карцином на десниот бел дроб и му се појави жлезда на вратот, каде што во резултатот пишуваше дека има присуство на малигни клетки. Сега почна со хемотерапија, меѓутоа откако ја прими првата, качи температура и постојано спие. Дали е тоа нормално и колкави се шансите тоа да се повлече? Инаку татко ми е дијабетичар.

Ситноклеточниот рак на белите дробови е многу сериозно заболување. Секако дека во случајот кај татко ви најдобра тераписка опција е хемотерапијата, односно терапијата со цитостатици, која се прима во циклуси. Хемотерапијата е агресивна терапија и може да даде многу несакани ефекти, како мачнина, гадење, повракање, пролив, општа слабост и малаксаност… Но, сепак тоа е главен и најефикасен третман за ситноклеточниот рак на белите дробови и би требало, доколку можзе да ја издржи вашиот татко, да ја продолжи хемотерапијата.

Треба да проверите поспаноста да не е последица на ширење на туморот во мозокот, бидејќи ситноклеточниот белодробен рак многу често дава метастази во мозокот. Доколку има и главоболки, вртоглавица или поизразена поспаност, сепак консултирајте се со вашиот онколог за да се направи Компјутерска томографија на мозокот, и да се исклучи евентуално постоење на метастази во мозокот.

Шансите да се повлече туморот зависат од тоа како туморот ќе реагира на хемотерапијата. Во голем број на случаи се постигнува привремена ремисија, односно повлекување на болеста.

Со почит,

Др. Л. Ацева