• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Најнови хемотераписки протоколи за рак на дебело црево Печати

Хемотерапијата се применува кај локално напреднат и метастатски рак на дебелото црево. Најчесто хемотерапијата се применува во комбинација со другите третмански опции за ракот на дебелото црево (хируршки третман, зрачна терапија, целна трерапија). На тој начин се постигнува подобар одговор и поуспешно лекување.

Во третманот на напреднатиот рак на дебело црево се применуваат неколку хемотераписки протоколи, кои се спроведуваат со повеќе цитостатици – полихемотерапија.

Основен цитостатик е 5-флуороурацилот (5-FU), кој се дава во комбинација со другите цитостатици. Денес најнови хемотерапевтски режими од прва линија се: FOLFOX (leucovorin, 5-fluorouracil и oxaliplatin) или FOLFIRI (leucovorin, 5-fluorouracil и irinotecan) со или без лекот bevacizumab.

За разлика од овие хемотераписки протоколи лекот capecitabine се прима во вид на таблети. Тој е ефикасен лек за напреднат и метастатски рак на дебело црево, кој може да се применува сам или во комбинација со други лекови.

Со примена на новите, најмодерни и најефикасни хемотераписки протоколи, денес се постигнува висок процент на ремисија (повлекување на болеста) и висок процент на целосно излекување на ракот на дебелото црево.