• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Фолната киселина и ракот на грлото на матката

Неверојатно, но вистинито. Консумирањето на зелест и мешункаст зеленчук кој е богат со фолна киселина може да го спречи хуманиот папилома вирус да предизвика рак на грлото на матката. Овој рак често е јавува кај жени инфицирани со хуманиот папилома вирус. Жените кои имаат високо ниво на фолна киселина во црвените крвни зрнца имаат помал ризик да заболат од рак. До овој заклучок дошол Dr. Charles Butterworth од Универзитетот во Бирмингем.

Студијата на Dr. Butterworth опфатила 464 жени инфицирани со вирусот ХПВ. Резултатите од студијата покажале дека пациентките со пониско ниво на фолна киселина имале 5 пати поголема веројатност да развијат клеточни промени, кои водат до рак на грло на матка, во споредба со оние пациентки кои имале повисоки концентрации на фолна кислеина. Недостатокот на фолна киселина доведува до следниве промени: хромозомите имаат поголем ризик да се кршат на „слабите“ места, што му дозволува на вирусот да се „уфрли“ во здравиот клеточен генетски материјал, предизвикувајќи на тој начин почетни промени кои го најавуваат развојот на ракот.

Dr Butterworth вели дека внесувањето на храна богата со фолна киселина претставува добра заштита од рак на грло на матка. Тој советува да се консумира брокула, која во себе содржи големи количини на фолна киселина. Малку брокула дневно дава половина од препорачаната дневна количина на фолна киселина (400 микрограми). Кога ракот веќе ќе се развие, фолната киселина веќе не помага.

Фолната киселина најмногу ја има во пилешкиот црн дроб, во гравот, сојата, пченичните р`кулци, брокулата, сокот од портокал, морковот, авокадото, леблебијата, семките од сончоглед...

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго откриле дека и доматот ги спречува преканцерозните промени на грлото на матката. Студијата на истражувачите докажала дека жените со највисока концентрација на ликопен (антиоксиданс кој го има во доматот) имаат 5 пати помал ризик за развој на преканцерозни лезии на грлото на матката во споредба со оние жени кои имале пониски концентрации на ликопен.

Главен извор на ликопен е доматот. Ликопенот се наоѓа во лушпата на доматот. Тој е јак антиоксиданс од групата на каротеноиди. Ликопенот е црвен каротеноид, кој го има во овошјето и зеленчукот. Го има во лубеницата, црвениот грејпфрут, гуавата, папајата, но најмногу го има во доматот.

Препорачан дневен внес на ликопен е од 5–10 mg.

 

Најчитани наслови