• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Откриено е како метастазира ракот

Научниците го идентификувале протеинот кој го започнува процесот на ширење на ракот од примарниот тумор на другите делови на телото.

Процесот кој овозможува клетките од примарниот тумор да се расеат во другите делови на телото се вика епителна-мезенхимална трансдиференцијација (EMT). Ширењето и развојот на клетките на ракот во нови тумори во другите делови на телото се вика метастаза.

Ракот може да се развие во било кое ткиво или орган во нашето тело. Примарниот тумор обично се нарекува според делот на телото или видот на клетките од кои туморот настанува. Кога ракот ќе се „отцепи“ од примарниот тумор и ќе создаде нов тумор во некој друг дел од телото, тогаш се говори за метастазиран тумор.

Најчести места за настанување на метастазите од солидните тумори се: белите дробови, коските, црниот дроб и мозокот. Ракот на белите дробови често дава метастази во мозокот или коските, додека ракот на простатата во најголем број на случаи метастазира во коските. Метастазите се водечка причина за смрт од рак на дојка, рак на јајчник, рак на панкреас и рак на дебело црево.

Dr. Ge Jin, научник од Истражувачкиот институт Lerner во Cleveland открил на кој начин еден специфичен протеин наречен disabled-2 (Dab2) го иницира процесот епителна-мезенхимална трансдиференцијација (EMT). Во тој случај, некои клетки од примарниот тумор се одвојуваат од површината на туморот и се трансформираат во мезенхимална клетка, вид на клетка која е способна да мигрира и на тој начин да создава метастази.

Истражувачкиот тим на Dr. Ge Jin утврдил дека ако се „исклучи“ Dab2 протеинот, процесот на создавање на метастази воопшто нема да започне.

„Ова откритие е многу важно и може да доведе до развој на нови лекови кои би можеле да го запрат процесот кој доведува до почеток на метастазирање на туморите“, изјавил Dr. Ge Jin.

 

Најчитани наслови