• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
ИСТРАЖУВАЊЕ: Медитацијата им помага на жените со рак на дојка

Трансценденталната медитација го намалува стресот и го подобрува емоционалното и ментално здравје на жените заболени од рак на дојка. Ова го покажала најновата студија.

Двегодишната студија вклучила 130 пациентки постари од 55 години. Сите испитанички биле поделени во две групи. Првата група практикувала трансцендентална медитација. Втората група била контролна и пациентките од оваа група примале вообичаена нега, но не практикувале трансцендентална медитација.

Квалитетот на животот на испитаничките бил оценуван секои 6 месеци.

Емоционалниот и психосоцијалниот стрес предизвикува потешкотии и напредување на ракот на дојката, како и поголема смртност од оваа болест, изјавил Dr Sanford Nidich, автор на студијата од Институтот за природна медицина Maharishi при Универзитетот во Ајова.

„Техниките на трансценденталната медитација го намалуваат стресот и ги подобрувааат емоционалната состојба и менталното здравје на пациентките со рак на дојка. Испитаничките во студијата можеле медитацијата едноставно да ја практикуваат и во своите домови, а по ваквата терапија се чувствувале посреќни и поздрави“, изјавил Dr. Nidich.

Позитивно е што сега лекарите можат да користат цел низ на интервенции, вклучувајќи ја и трансценденталната медитација, со што би им помогнале на болните од рак. Овој пристап би требало да се применува пошироко и на тој начин да се искористат неговите предности, заклучиле научниците од најновата студија.

Студијата е објавена во часописот „Integrative Cancer Therapies“.

 

Најчитани наслови