• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како по природен пат да го намалиме ризикот за миом и да го намалиме постоечкиот? Печати

Кај жените кои се приближуваат кон почетокот на менопаузата, хормоналните промени ја зголемуваат веројатноста за развој на миом – бениген тумор кој настанува од мазното мускулно ткиво на матката. Миомите може да ги предизвика ниското ниво на прогестеронот, а зголеменото ниво на естрогенот. Миомите може да предизвикаат менструални проблеми, пообилни менструации и крварења надвор од менструалниот циклус. Тоа може да доведе до развој на анемија, вртоглавица и замор.

Доколку сакате да го намалите ризикот од развој на миом и да го намалите веќе постоечкиот, нутриционистите советуваат да во својата исхрана, но и во животните навики, воведете едноставни, природни промени.

За почеток, направете комплетен гинеколошки преглед, за да ги исклучите состојбите кои даваат симптоми слични на миомите. Кога ќе ги исклучите тие други состојби, подготвени сте да превземете некои мерки и препораки кои ќе ви помогнат да го намалите ризикот од развој на миом и да го намалите веќе постоечкиот миом.

  • Избегнувајте месо, а јадете повеќе риба, како на пример: лосос, скуша, туна. Овие риби ги намалуваат воспалителните промени во ткивата и дразнењето на миомот.
  • Избегнувајте брза храна, заситени масти, шеќер, бело брашно и прерабодени прехрамбени продукти кои содржат бројни адитиви.
  • Избегнувајте алкохол и цигари.
  • Консумирајте многу свежо овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот се богати со растителни влакна и со ензими кои го отстрануваат фибринот.
  • Во својата исхрана внесете го мешункастиот зеленчук, како гравот, грашокот, боранијата... Оваа храна го намалува нивото на естрогенот во крвта и го оневозможува растот на миомот.
  • Ограничете ја количината на естрогени кои ги внесувате во своето тело. Тука се подразбира ограничена употреба на орални контрацептивни средства, хормонски супституциони лекови, спермициди и пестициди. Со намалувањето на нивото на естрогенот, по природен пат, ќе се намалат и миомите.
  • Практикувајте техники за намалување на стресот. Имено, стресот може да го намали нивото на прогестеронот во телото, а да доведе до зголемување на нивот на естрогенот. Исто така, и квалитетниот сон помага во намалувањето на стресот и го јакне организмот.
  • Пазете на телесната тежина. Постепеното намалување на вишокот на килограми може да помогне во намалувањето на миомот.
  • Пијте две мали лажички јаболков оцет, разреден во 250 мл. вода. Оваа течност пијте ја секојдневно, бидејќи таа помага во исфрлањето на отровите во организмот.