• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Yerba Mate - Јерба мејт Печати

Автор: Др. Дарко Стојановски

Јерба мате (Ilex paraguariensis) е вид на ниско зимзелено дрво кое потекнува од субтропските атлантски шуми во Бразил, Парагвај и Аргентина. Во овие јужноамерикански земји чајот од јерба мејт се смета за традиционален национален пијалак и се консумира секојдневно како здрава алтернатива за кафето.

Содржи триксантини, кафеин, теобромин и теофилин, како и калиум, магнезиум и манган, витамин А, Ц, Б1, Б2, ниацин, Б5, Б комплекс, калциум, железо, селен, фосфор, масни киселини, хлорофил, флавоноиди, полифеноли, минерали во трагови, антиоксиданси, пантотенска киселина и 15 аминокиселини.

Ксантините имаат релаксирачко дејство на мазните мускули а стимулативно на миокардот (срцевиот мускул).

Теоброминот, ксантин присутен и во чоколадото го подобрува расположението, додека сапонините, фитохемикалии кои го стимулираат имуниот систем го заштитуваат телото од болести и имаат антиинфламаторно дејство.

Полифенолите, група на фитохемикалии декуваат како силни антиоксиданси и антиканцерогени.

Јерба мејт е одличен потикнувач на вашиот одбрамбен систем, метаболизам, мозочна активност, Ви дава енергија која Ве прави да се чувствувате добро, трае долго без пад на крајот.

Јерба мејт помага и во контрола на телесната тежина преку неговите термогенетски својства кои го тераат телото да ги ослободи вишокот на калории во форма на топлина отколку да ги складира истите.

Тој делува и како моноамино окидаза инхибитор (MAOI) со што делува како антидепресив, ја покачува енергијата во организмот, го подобрува апетитот, менталната активност, го намалува нивото на ЛДЛ холестеролот и ја ублажува астмата.

Медицнска промена:

  • го намалува апетитот со што помага во контрола на телесната тежина и помага во согорувањето на маснотиите
  • ја олеснува дигестијата и делува како умерен лаксатив
  • го зајакнува имуниот систем
  • ве ослободува од стрес и анксиозност
  • ја зголемува вашата енергија
 

Најчитани текстови