• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Ваши прашања: Печење при мочање Печати
Би ве замолила доколку сте во можност да ми одговорите: мајка ми има 48 год. Пред 8 години и беше дијагностициран рак на матката и оперативно и беше извадена потоа одеше на зрачење (без цитостати). Редовно оди на контроли и се беше во ред, најпрво на 3 па на 6 месеци и сега на година. Нејзиниот следен термин за контрола е во март но се јави проблем: последниве 10 дена се жали на силно пецкање при мокрење во кои има и присуство на малку крв. Би ве замолила за совет. Општиот лекар и препиша вагиналети и ни вели дека се работи само за обична инфекција, но јас се плашам да не е нешто посериозно. Би ви била и повеќе од благодарна доколку ми објасните повеќе бидејќи овде читам и за рак на вагина и што да превземеме. Однапред ви благодарам и секое добро!

Терапијата која е спроведена кај мајка ви е во ред. Но, печењето при мочање може да е последица на некоја инфекција. Затоа најдобро е да направите брис од уретра и испитување на урината. На тој начин ќе може да се изолира бактеријата, доколку постои, а воедно ќе се направи и антибиограм, со кој ке може да се одреди антибиотикот на кој е осетлива конкретната бактерија која ќе се изолира.

Направете го тоа и со резултатие од микробиологија побарајте совет од матичниот лекар. Секако, редовните контроли кај онкологот се задолжителни.

Со почит.

Др. Л. Ацева.