• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ВАШИ ПРАШАЊА: Бемка на носот Печати
Имам проблем поврзан со младеж (бемка) која се наоѓа на носот и ја имам од раѓање. Истата е кафеава и околу 2мм широка. Пред некое време се поду повеќе од нормалното. Бев на лекар и ми рекоа дека станува збор за циста, гној кој се формирал под бемката. Ја лекував со креми, малку се смири но сега повторно се влоши. Дали имате некои сознанија како би се лекувала, или пак потребна е посериозна интервенција?

Мој совет е да се јавите на преглед кај специјалсит дерматолог. Добро е да се направи кај вас дермоскопија, метода со која многу лесно и безболно се открива дали бемката има некој малигни карактеристики или има потенцијал да премине во малигна. Затоа ви советувам да се јавите кај својот матичен лекар, кој потоа ќе ве препрати на преглед кај специјалист дерматолог.

Др. Л. Ацева