• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Акцентот на Светската кампања ставен на заштитата од инфекции кои предизвикуваат рак Печати

Светската кампања на Меѓународната унија против ракот оваа година се фокусира на врската помеѓу инфекциите и ракот.

Иако ракот не е инфективно заболување, сепак многу инфекции можат или директно да предизвикаат рак или да го зголемат ризикот за развој на рак.

Всушност, речиси 22% од смртните случаи од рак во земјите во развој и 6% од смртните случаи од рак во развиените земји се предизвикани од хронични инфекции. Тука се вбројуваат хроничните инфекции предизвикани од вирусот на хепатитот Б или Ц, кои предизвикуваат рак на црниот дроб, инфекциите со хуманиот папилома вирус кои предизвикуваат рак на грлото на матката, како и бактеријата Helicobacter pylori, која ја нарекуваат чест но опасен потстанар на желудникот, која го зголемува ризикот од рак на желудник.

Заштитата од овие инфекции (со промената на животните навики и со вакцинацијата), раното откривање и навременото лекување на овие инфекции се навистина ефикасни мерки за превенција на ракот.