• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Светски ден на ракот 2010 - „И РАКОТ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ“ Печати

Превенцијата на ракот е тешко да се спроведе сè додека не се открие дефинитивниот механизам на неговото настанување.

Сепак можеме многу да направиме за да си го сочуваме своето здравје и да го спречиме настанувањето на ракот.

Превенцијата е можна со избегнување на изложеноста на канцерогените од животната и работната средината, како и со здравствена едукација на населението за здравата исхрана и за елиминирање на штетните животни навики (пушење, алкохол, дебелината итн).

За превенција на малигните заболувања од клучно значење е и заштитата од сексуално преносливите болести, посебно од ХПВ вирусот, ХСВ (херпес симплекс вирусот), хламидијата..., кои не само што предизвикуваат преракови оштетувања на женските генитални органи (грло на матка, лигавица на матка, вагина, вулва, чмар), туку предизвикуваат и опасни преракови лезии и кај мажите (на главата на пенисот, на чмарот...).

Сите овие инфекции и прекарцинозни лезии, ако на време се откријат и лекуваат, можат да го спречат понатамошното развивање на ракот на сите овие генитални органи и кај мажите и кај жените.

Во таа смисла, во рамките на активностите на Европската заедница за борбата против ракот, издаден е т.н. „Европски кодекс против ракот“, кој се состои од неколку препораки.

Одредени видови на рак може да се избегнат со следиве препораки:

  • Јади здрава храна (повеќе овошје и зеленчук, сведи ги на минимум мастите од животинско потекло и конзервирани производи кои содржат бројни канцерогени адитиви во својата исхрана)!
  • Одржувај оптимална телесна тежина!
  • Не пуши!
  • Умерено конзумирај алкохол!
  • Избегнувај прекумерно изложување на сонце!
  • Следи ги здравствените и сигурносните инструкции на упатствата на канцерогените агенси!
  • Заштити се од сексуално преносливите болести!
  • Вакцинирајте се против полово (сексуално) преносливите болести (вакцина против ХПВ вирус)!

Стручњаците од Светската здравствена организација (СЗО) нагласуваат дека дури 43% од карциномите може да се превенираат со овие нивни препораки.

Не дозволете ракот да ве нападне. Спречете го на време!