• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман Печати

Не постои консензус за фреквенција на следењето и потребните тестови. Сепак, повеќето лекари препорачуваат следењето на пациентите да се врши со физикален преглед, кој се изведува еднаш месечно во текот на првата година по завршувањето на третманот, на два месеци во текот на втората година и понатаму на секои три месеци. Се препорачува рендгенграфија на бели дробови, хемограм, LDH и алкална фосфатаза и ултрасонографски преглед на абдомен еднаш на 6 месеци во првите две години од завршувањето на третманот, а потоа еднаш годишно.

Следниве препораки се проценети како адекватни од експертите на ЕСМО:

  • Пациенти со спорадичен или фамилијарен диспластичен невус синдром се со висок ризик и треба да се контролираат доживотно.
  • Изгореници од детството или експозиција на УВ-Б зраци без заштита, се дополнителен ризик-фактор.
  • Следење од 5 години за локализиран меланом, Breslou < 1.5 mm и 10 години за другите е доволно поради ретка појава на подоцнежни релапси.
  • Физикален преглед – инспекција на кожата, местото на примарниот тумор, како и регионалните лимфни јазли на секои три месеци во тек на две години и на секои 6-12 месеци. Совет за избегнување на експозиција на сончева или артефициелна УВ светлина, без заштита и регуларно самопрегледување на кожата и периферните лимфни јазли.