• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дебелината поопасна од пушењето Печати

Се проценува дека секој четврти Британец е дебел, а ситуацијата би можела да се влоши до 2050-тата година кога секој втор Британец ќе биде дебел, тврдат научниците од британското Министерство за здравство.

Состојбата не ништо поинаква и во САД, каде се поголем број жители неможат да ја контролираат својата телесна тежина, додека во исто време цигарите полека паѓаат во заборав. Но, дебелината стана ист, ако не и поголем фактор на ризик за настанување на бројни заболувања. Листата на здравствени проблеми кои се предизвикани од прекумерната телесна тежина е долга. Покрај шеќерната болест, кардиоваскуларните заболувања или мултиплата склероза, дебелината предизвикува и рак. Дебелината сега предизвикува повеќе заболувања отколку тутунот, а еднакво го скратуваа животот како и тутунот, ако не и повеќе.

Бидејќи стапката на гојазност се зголемува, а стапката на пушењето опаѓа, истражувачите од Универзитетот Колумбија ја предвиделе штетата која би можела да ја предизвика гојазноста или болеста на денешницата.

Нивните резултати се темелат на анкетата која ја спровеле на 3.5 милиони возрасни Американци. Во изминативе 10 години, во САД се намалил бројот на пушачи за 18,5%, додека стапката на гојазност се зголемила за 85%. Пушењето предизвикало повеќе смртни случаи, но, гојаноста била причина за повеќе болести.

Научниците предупредуваат дека во следните 200 години порастот на гојазноста би можел да доведе до намалување на животниот век на човекот.

„Иако животниот век на човекот се зголемувала со тек на времето, квалитетот на животот поради гојазноста е намален. Затоа можеме да очекуваме и намалување на животниот век во иднина“, предупредуваат авторите на истражувањето објавено во часописот „American Journal of Preventive Medicine“.