• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
За 28 години од СИДА умреле 25 милиони луѓе Печати

Се проценува дека над 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ или СИДА. Половината од новите случаи се млади луѓе од 15-24 години. Во некои делови на светот, стапката на инфекцијата со ХИВ и СИДА рапидно расте. Во тие делови од светот, СИДАТА е главна причина за болест и за смрт.

За 28 години, од кога сидата е регистрирана, од неа умреле 25 милиони луѓе. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во светот со ХИВ вирус се заразени 38 милиони луѓе.

Незаштитениот хетеросексуален полов однос е главен начин на пренесување на ХИВ вирусот, но и употребата на нестерилни игли и шприцеви.

Процентот на смртност од сида се намалил за повеќе од 10% за последниве 5 години. Бројот на нови ХИВ инфекции се намалил за 17% за последниве 8 години, објавено е во најновото соопштение на СЗО и УНАИДС (UNAIDS).

Достапноста од 1996 година на ефикасните лекови помогнала да се спасат околу 2,9 милиони животи, а од голема корист биле и програмите за превенција на ширењето на ХИВ вирусот, се наведува во извештајот.

Лековите во голема мера допинеле и во спречувањето на нови инфекции кај децата, бидејќи сега поголем број ХИВ позитивни мајки имаат пристап до лекувањето, па вирусот потешко се пренесува на децата, а од 2001 година спречени се околу 200 000 нови инфекции кај децата.

Извршниот директор на УНАИДС (UNAIDS), Мишел Сидибе, истакнал дека добра вест е што постојат докази за намалување на бројот на заразените лица, кое во голем дел се должи на ефикасната превенција.

Сепак, научниците од СЗО и УНАИДС предупредуваат дека сидата и понатаму е здравствен приоритет и дека се потребни допонителни средства за борба против оваа болест.