• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Истражување во Јапонија: Зелен чај против депресија

Бројни истражувања ја испитувале делотворноста на зелениот чај. Сите истражувања недвосмислено покажаа дека зелениот чај е многу здрав напиток и помага во превенцијата и лекувањето на многу заболувања. Тој е права ризница на полифеноли, кои се јаки антиоксиданси, но и на други корисни состојки.

Зелениот чај, од сите други напитоци, содржи најголема количина на полифеноли. Една шолја зелен чај содржи 300-400 мг. полифеноли, секако, под услов да е чајот доволно густо припремен, или стручно кажано, ако содржи сува материја од 8-12%.

Откриено е дека народите кои пијат многу зелен чај имаат помала стапка на смртност од некои врсти на рак и како и од други заболувања.

Најновото истражување кое го спровеле научниците од јапонскиот унивезитет укажува дека чајот е делотворен и против депресијата. Неколку претходни студии покажаа дека пиењето на зелен чај ги намалува прихичките проблеми, а Др. Каиџун Ниу и неговите колеги од Универзитетот во Јапонија утврдиле дека мажите и жените постари од 70 години, кои пијат четири или повеќе шољи зелен чај дневно, имаат 44% помал ризик од развој на депресија.

Во најновото истражување на јапонскиот тим учествувале 1.058 релативно здрави постари мажи и жени. Околу 34% од мажите и 39% од жените кои учествувале во студијата имале симптоми на депресија.

Вкупно 488 испитаници изјавиле дека секој ден пијат по 4 или повеќе шољи зелен чај дневно, 284 испитаници изјавиле дека пијат 2 до 3 шољи зелен чај дневно, додека другите испитаници пиеле по една шоља зелен чај неделно или уште помалку.

Студијата докажала дека зелениот чај имал одлично првентивно дејство против депресијата и покрај тоа што биле земени во предвид и другите фактори како што се: општествениот и економски статус на испитаниците, полот, начинот на исхраната, нивната медицинска историја и евентуалното земање на антидепресиви.

Студијата не докажала вакво слично превентивно дејство на кафето, ниту на улонг чајот кај испитаниците.

Др. Ниу изјавил дека за превентивното дејство на зелениот чај против депресијата е одговорна амино киселината теанин, за која се претпоствува дека делува релаксирачки на мозокот. Сепак, Др.Ниу нагласил дека за дефинитивна потврда на антидепресивното дејство на зелениот чај се потребни дополнителни иструвања.

 

Најчитани наслови