• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми Печати

Стадиуми на немеланомските кожни карциноми

Стадиумот на немеланомските кожни карциноми се утврдува според TNM класификацијата, односно, според големината на туморот (Т), нодалниот стадус ( присуство или отсуство на метастатски лимфни јазли) и присутни далечни метастази (М).

Според оваа класификација се разликуваат три стадиуми на болеста:

  • Стадиум 1.
    Тука спаѓаат тумори кои се површински или егзофитични и чија големина е до 2 cm.
  • Стадиум 2.
    Овој стадиум ги вкучува сите тумори со која било големина, но со присутни метастази во регионалните лимфни јазли.
  • Стадиум 3.
    Во овој стадиум спаѓаат туморите со присутни далечни метастази (метастатска болест).

Стадиуми на меланомските кожни карциноми

По поставувањето на патохистолошката дијагноза на малигни меланом, за да се спроведе адекватна терапија, потребно е да се одреди стадиумот на болеста. Ова е многу важно, бидејќи различни стадиуми и различно се лекуваат.

Стадиумот на меланомот се одредува врз основа на вертикалната инвазија во милиметри (класификација по Breslow) и/или анатомското ниво на инвазијата (класификација според Clark) при хистолошкиот преглед од оперативниот материјал.

Класификацијата по Breslow попрецизно го предвидува однесувањето на малигниот меланом кај лезии со дебелина поголема од 1.5mm и има најголемо значење за одредувањето на прогнозата и пеживувањето.

Најшироко применуван систем за одредувањето на стадиумот на болеста е оној на Американското здружение за рак (American Join Committee on Caner-AJCC).

Класификација според Breslow (вертикална инвазија во милиметри)

  • Дебелина: 0.76 mm до 1.50 mm
  • Дебелина: 1.51 mm до 4.0 mm
  • Дебелина: 4.0 mm или повеќе

Класификација според Clark (ниво на инвазија)

  • I лезија која го инволвира само епидермисот (in situ меланома) неинвазивна лезија;
  • II инвазија на папиларниот дермис, но не достига до ниво на папило-ретикуларниот спој;
  • III инвазија на папиларниот дермис, без пробој на ретикуларниот дермис;
  • IV инвазија на ретикуларниот дермис, но не и на поткожното ткиво;
  • V инвазија на ретикуларниот дермис кон поткожното ткиво;

AJCC TNM систем на класификација

IA T1aN0M Breslow < 1 mm, U- ( без улцерација), Clark <III

IB T1bNoM0 Breslow < 1 mm , U+ , Clark >IV

IIA T2aN0M0 Breslow 1.01-2mm , UT2b/

    T3aN0M0 Breslow 1.01 - 2 mm, U+ / Breslow 2.02-4 mm, UIIB

    T3b/4aN0M Breslow 2.01 - 4 mm, U+ / Breslow > 4 mm, UIIC

    T4bN0M0 Breslow > 4 mm, U+

IIIA Секое TaN1a/N2aM0 U-, 1 лимфен јазол микроскопски позитивен/ 2-3

IIIB Секое Tb, N1a/1bM0 U+, 1 лимфен јазол микроскопски позитивен/2-3

IIIC Секое TbN1b/N2bM0 U+, 1 лимфен јазол макроскопски / 2-3

     Секое TN3Mo > 4 лимфни јазли, сателит или in transit метастази

IV Секое Т, NM1a супкутани Mс со нормална LDH

    Секое Т, N, M1b белодробни Mс со нормална LDH

    Секое Т, NM1c >LDH и /или небелодробни висцерални метастази