• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Научете ги трите принципи на правилната детоксикација

Неактивноста во текот на зимските денови, обилните оброци и бавниот метаболизам влијаат на побавната елиминација на штетните материи, како што се токсините и слободните радикали. Тоа доведува до таложење на масни наслаги и целулит, а тие се и причина за многу заболувања.

Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Ако го разгледаме начинот на животот на повеќето луѓе, состојбата е таква што сме изложени на храна богата со пестициди и хормони, јадеме премногу месо и месни производи, бел шеќер и други рафинирани намирници, живееме во загадена средина, вдишуваме загаден воздух, пушиме и консумираме преголеми количини на алкохол.

За здраво елиминирање на вишокот килограми и за поефикасно елиминирање на токсините од организмот, неопхофна е квалитетна детоксикација на организмот. Редовната детоксикација на организмот најдобро се спроведува со континуирано правилно комбинирање на намирниците.

Ова се неколку принципи на правилната исхрана

Правилен ритам на исхрана

Прв и најважен принцип е адекватна исхрана со намирници кои содржат висок процент на вода. Но, треба да се почитуваат и основните телесни циклуси: Апропријација – консумирање на храна и варење. Овој цилус трае од 12 часот на пладне до 20 часот навечер.

Асимилација – апсорпција и искористување на храната. Овој циклус трае од 20 часот навечер до 4 часот наутро.

Елиминација – чистење на организмот од отпадните материи од храната и од самото тело. Овој циклус трае од 4 часот наутро до 12 часот на пладне.

Комбинирајте ги намирниците

Вториот принцип е правилно комбинирање на намирниците, кои можеме да ги поделиме во 2 групи: концентрирани и неконцентрирани. Во неконцентрирана храна спаѓаат сите видови на непреработено овошје и зеленчук, додека во концентрирана храна спаѓа се друго.

Принципот на комбинирањето на намирниците е едноставен: Само една концентрирана намирница и било која количина на неконцентрирани намирници. На пример, со месото не треба да се јаде леб. Причината е што нашиот организам може да свари само една концентрирана намирница.

Овошје на празен желудник

Третиот принцип подразбира правилно јадење на овошјето, кое треба да се јаде само на потполно празен желудник, а никако како десерт после оброкот. Овошјето е храна која нашиот организам најлесно ја вари (на пример: лубеницата се вари за 10 минути, бананите за 40 минути). За варење на зеленчукот потребни се околу два часа.

Ако ги земеме овие факти во предвид, можеме лесно да ја објасниме надуеноста и чувството на тежина во желудникот. Храната која низ цревата патува со часови се меша со овошјето, за чие варење се потребни само десетина минути. Така доаѓа до еден вид на „судар“ на овие два вида на намирници, кој значително го отежнува варењето и на едниот и другиот вид на храна. Како последица на тоа доаѓа до надуеност и чувство на тежина во стомакот.

 

Прочитајте и: