• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Автосеминацијата на карциномските клетки - клучна за прогресијата на туморот?

Прогресија на карциномот е процес во кој расте примарниот тумор, после што следува метастазирањето, во кое клетките на карциномот го напуштаат примарниот тумор и се шират во далечните ткива и органи.

Новата студија од „Memorial Sloan-Kettering Cancer Center“ покажала дека циркулирачките метастатски клетки на туморот можат, исто така, повторно да се вратат во примарниот тумор и таму да го продолжат својот раст. Овој новооткриен процес е наречен автосеминација („self-seeding“).

Откритието укажува дека автосеминацијата може да го забрза растот на туморот ослободувајќи сигнали кои ја поттикнуваат ангиогенезата, инвазијата и метастазирањето на туморот. Ова откритие било објавено во последниот број на научниот часопис „Cell“.

„Нашата студија не само што дава докази за феноменот на автосеминација, туку го открива и механизмот на овој процес и ја прикажува неговата можна улога во прогресијата на туморот“, изјавил првиот автор на студијата Prof. dr. Mi-Young Kim од одделот за биологија и генетика на карциномите.

Според истражувањето, кое било спроведено на глувци, автосеминацијата вклучува две различни функции: способноста на туморот да ги привлече сопствените клетки од циркулацијата и реинфилтрирачката способност на циркулирачките клетки на туморот.

Научниците откриле 4 гени кои се одговорни за оваа функција: IL-6 и IL-8, кои ја привлекуваат најагресивната група на циркулирачки малигни клети, и гените FSCN1 и MMP1, кои служат како медијатори во процесот на инфилтрацијата на циркулирачките малигни клетки назад во туморот.

„Овие откритија ни даваат можност за истражување на нови начини на лекување, кои би го спречиле процесот на автосеминацијата, а со тоа ни даваат можност и да ја успориме или дури да ја спречиме прогресијата на туморот“, изјавил коавторот на студијата Prof. dr. Joan Massagué.

 

Најчитани наслови