• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Намалете го холестеролот со чај од цимет

Циметот содржи состојки кои му помагаат на инсулинот да ја доведе гликозата до клетките на кои им е потребна. Телото на природен начин станува осетливо на инсулин и го прифаќа, а позитивно е тоа што нема да ви бидат потребни лекови.

Во една клиничка студија биле вклучени 6 пациенти со дијабет тип 2. Тие во тек на 40 дена консумирале еден до шест грама цимет со исхраната. Освен што консумирале циметов прав, испитаниците не го смениле својот режим на исхрана. На крајот на истражувањето, истражувачите откриле дека нивото на гликоза во крвта се намалило помеѓу 18 и 29%.

Исто така, кај испитаниците се намалило и нивото на „лошиот“ холестерол (LDL) во крвта за 7%, додека кај некои испитаници тој се намалил дури за 27%.

Како да направите чај од цимет?

Пригответе го дома овој ароматичен напиток и држете ги холестеролот и гликозата под контрола. Уживајте во вкусот на чајот од цимет два пати дневно.

Пола лажичка мелен цимет и четврт лажичка трикату (мешавина од 3 зачини - ѓумбир, црн бибер и долг бибер) прелијте ги со врела вода. Оставете го чајот да одстои 5 минути, процедете го и засладете го со мед.

 

Прочитајте и: