• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Со лековити билки против главоболката Печати

Ако патите од главоболка, можеби ќе може да ви помогнат природните лекови. Два најчести вида на главоболки се: тензионата главоболка, која вклучува мускулна напнатост и главоболки предизвикани од стеснувањето на крвните садови кои го снабдуваат мозокот со крв. Некои од најчестите причини за главоболка се: стресот, кофеинот, напрегањето на очите, ниското ниво на шеќер во крвта, алергиите, синузитот, заморот и лошото држење на телото.

Традиционалната кинеска медицина го препорачува џумбирот за намалување на главоболката. Може да џвакате мало парче свеж џумбир или да направите чај од џумбир.

Ако сакате да ја намалите тензионата главоболка со ароматерапија, изберете го маслото од лаванда. Со маслото од лаванда може да ги масирате слепоочниците или да нанесете една или две капки на коренот на носот. Исто така, може да помогне и инхалирање на масло од нане или релаксирачка купка од камилица. Целта е да се намали болката со пријатните мириси.

Билните чаеви од нане, камилица и шипка можат да ги ублажат тензионите главоболки. Уште еден чест и испробан природен лек за главоболка е коренот од валеријаната. Можете да го земате како додаток во исхраната или да пиете чај од овој корен. Но, треба да знаете дека овој чај може да ве успие.

Ова се природни билни лекови со кои може да ја ублажите главоболката. Секако, добро е да се проба, бидејќи тие не му штетат на организмот. Кој не би сакал релаксирачка купка или шоља топол чај?

 

Најчитани текстови