• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Најдобра зимска храна против туморите

Овошјето освежува и ни дава енергија за време на долгата зима. Но, здравата исхрана не ја сочинува само овошјето. Американските научници спровеле истражување и докажале дека најмоќни борци против туморите се оние кои најмалку се наоѓаат на нашата трпеза – калинка, прокељ, праз, цвекло, киви и грејпфрут.

Калинка

Семките на калинката се богати со полифеноли, растителни хемокалии кои се борат против воспалението и туморите. Семките на калинката помешани си овесни снегулки се вкусен и здрав оброк.

Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти. Многу клинички студии ја испитувале превентивна улога на калинката кај ракот на простатата, ракот на кожата и ракот на дојката. Исто така, многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо. Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Прокељ

Многу истражувања покажале дека прокељот е посебно корисен во спречување на настанувањето на ракот, бидејќи содржи хемикалии кои многу успешно делуваат против оваа болест. Се смета дека консумирањето на прокељ најефикасно го спречува ракот на дебелото црево.

Сулфорафанот и индол-3- карбинолот од прокељот се моќни антиоксиданси и борци против ракот. Сулфорафанот ги уништува настанатите канцерогени компоненти, а потоа лачи ензими кои ги „јадат“ распаднатите канцерски клетки. Индол-3- карбинолот од прокељот го регулира лачењето на хормонот естроген кај жените и со тоа го намалува ризикот од рак на дојка.

Праз

Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинката и инфекциите. Содржи моќни антиоксиданси и го штити организмот од штетното делување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцероген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот.

Киви

Кивито е нискокалорично овошје полно со витамини и минерали. Тоа е богато со витамин Ц, но и со повеќе други витамини. Во споредба со лимонот, кој има 40 милиграма Ц витамин, кивито има дури од 100 до 400 милиграми Ц витамин во 100 грама плод. Во кивито исто така застапени се и витамините А, Б1, Б2. Богат е и со многу минерали, а посебно со калиум.

Кивито најдобро е да се јаде свежо, особено во зима и во што поголемо количество. Го намалува холестеролот во крвта со што го намалува ризикот од атеросклероза, срцев и мозочен удар. Ги неутрализира слободните радикали, ги зголемува одбранбените способности на организмот и помага при елиминација на токсини од организмот. На тој начин, кивито е природен „заштитник“ на организмот од ракот.

Цвекло

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...

Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.

Ако сте вегетаријанец, цвеклото е идеално за вашата исхрана, бидејќи содржи кобалт, кој учествува во стварањето на витаминот Б12, кој вегетаријанците не го внесуваат доволно.

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи биофлавониди, врста на антиоксиданси за кои е докажано дека ги уништуваат слободните радикали во организмот, кои може да ги оштетат клетките и да доведат до развој на многу заболувања.

Исто така, овие биофлавониди го спречуваат и ширењето на клетките на ракот, со што им помагаат на болните во нивната борба против ракот. Поради тоа, грејпфрутот има профилактично, антиканцерогено дејство.

Истражувачите истакнуваат дека сокот од црвен грејпфрут е одличен извор на витамин Ц. Една чаша сок од грејпфрут ги задоволува дневните потреби за витаминот Ц.

Најмногу хранливи состојки има во сокот од црвениот грејпфрут, покажала студијата на Американскиот институт за храна. Црвениот грејфрут содржи големи количини на калиум, фолна киселина, магнезиум и поедини каротиноиди, кои во организмот се претвараат во витамин А, а помагаат и во превенцијата на ракот.

 

Прочитајте и: