• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со јаболков оцет против многу заболувања

Јаболковиот оцет е извонреден природен лек за многу заболувања. Научниците му препишуваат чудотворна моќ и сметаат дека треба да е дел од секојдневната исхрана.

Утврдена е оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на денот. Тоа е раствор од 2 лажици јаболков оцет во млака, претходно превриена вода, со додавање на две лажички мед.

Овој еликсир помага при заболувања на грлото, при нередовна столица, слаба циркулација и размена на материи во организмот. Се препорачува и при заболувања на срцето и крвните садови и при болести на бубрезите.

Докажано е дека јаболковиот оцет го намалува крвниот притисок и е одличен за зачувување на витката линија.

Според некои извори, јаболковиот оцет се покажал ефикасен и во зголемување на плодноста, како кај луѓето, така и кај животните.

Ефикасен е и при ноќно мочање кај децата.

Против јадеж на кожата се препорачува надворешна примена на разблажен оцет, а триењето и масирањето со овој раствор извонредно им делува и на сосема здравите лица. Освен чувството на свежина кое долго трае, ваквите „кисели купки“ и даваат на кожата мекост, влажност и здрав изглед.

Облозите од јаболковиот оцет се користат и при проширени вени. Тие, во комбинација со здравата исхрана и детоксикацијата на организмот, даваат одлични резултати.

На ист начин, јаболковиот оцет ги олеснува и некои ревматски заболувања и го отстранува чувството на постојан замор, на кој се жалат сè поголем број на луѓе.

Со јаболков оцет се испира грлото при првите знаци на настинка. Се препорачува да се носи јаболков оцет кога се оди на пат (особено во лето) за да се спречат непријатностите во варењето на храната, кои често се јавуваат како последица на промената на водата и храната.

Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со медот, би требало да завземат важно место. Овој оцет е богат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите и учестува во биохемиските процеси на клетките.

Ако со својот лекар сте ги исклучиле другите причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчеви и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум. Курата со јаболков оцет брзо ќе даде одлични резултати.

Еве неколку рецепти кои се покажале како многу успешни при одредени пореметувања и заболувања.

Против хроничен замор

Во шоља мед се ставаат три лажички јаболков оцет. Смесата се става во тегла и се земаат по две лажички секоја вечер пред спиење.

Друг начин е да една лажичка јаболков оцет се стави во чаша вода и да се пие за време на ручекот.

Против главоболка

Да се испие чаша вода со две лажички мед и две лажички јаболков оцет.

Против изгоретини

На изгоретините се нанесува разреден јаболков оцет неколку пати во текот на денот. Јаболковиот оцет ќе ја спречи појавата на пликови и ќе ја намали болката.

За намалување на крвниот притисок

Три пати дневно да се пие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.

За испирање на грлото

Во чаша вода да се додаде една лажичка јаболков оцет и со овој раствор да се испира грлото секој два часа.

Против воспаление и болки во синусите

Неколку пати во денот да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.

Против ревматски болки во зглобовите

На болните места во текот на ноќта се става памучна ткаенина натопена со јаболков оцет, а врз неа се става волнена ткаенина.

Со секој оброк се пие чаша вода со две лажички јаболков оцет.

Против екцем

Заболените места се мачкаат со јаболков оцет четири пати во текот на денот и три пати во текот на ноќта. Набрзо екцемот и јадежот ќе се изгубат.

За слабеење

Секое утро на празен желудник да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет или со секој оброк да се испие чаша вода со две лижички оцет. Терапијата трае два месеци. Јаболковиот оцет го забрзува согорувањето на наталоженото масно ткиво.

Против проширени вени

Секое утро и вечер да се истрие кожата над проширените вени со чист јаболков оцет и два пати дневно да се испие чаша вода со две лажички јаболков оцет. Оваа терапија трае месец дена.

За чиста кожа

Еден дел јаболков оцет да се помеша со осум дела вода и со таа течност три пати дневно да се прска лицето.

 

Прочитајте и: