• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Дијагностички постапки - Лист 4 Печати
Индекс на артикл
Дијагностички постапки
Дијагноза на малигни меланом
Патолошка дијагноза на меланом
Дополнителни дијагностички испитувања
Сите страници

Дополнителни дијагностички испитувања

По поставувањето на дефинитивната дијагноза на примарниот тумор, потребно е да се направат и дополнителни дијагностички испитувања, со цел да се утврди проширеноста на болеста, односно, да се одреди нејзиниот стадиум. Ова е многу важно за да се спроведе адекватна терапија за секој пациент одделно.

По дијагнозата за примарен кожен меланом, кај пациентите со лезии поголеми од 1 mm дебелина, треба да се направаат подетални испитувања со цел да се исклучи постоењето на оддалечени метастази.

Во дополнителни испитувања спаѓаат:

  • рендгенграфија на граден кош,
  • ехотомографски преглед на абдомен,
  • хематолошки и биохемиски анализи за проверка на функцијата на црниот дроб.