• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Дијагностички постапки - Лист 3 Печати
Индекс на артикл
Дијагностички постапки
Дијагноза на малигни меланом
Патолошка дијагноза на меланом
Дополнителни дијагностички испитувања
Сите страници
Патолошка дијагноза на меланом melanoma malignum

Дијагнозата секогаш се заснова врз комплетна ексцизиска биопсија со 2 mm во здрава кожа околу лезијата, со последователна хистопатолошка дијагноза (ХП), проследена од експертски тим.

Податоците од ХП анализата треба да се во согласност со класификацијата на Светската Здравствена Организација – максимална дебелина во mm (Breslow), ниво на инвазија (Clark I-V), стерилност на хируршките рабови и присуство на улцерација.

Кожниот меланом е малиген тумор кој потекнува од меланоцитите во кожата и тие може да покажат најразлични карактеристики. Овие карактеристики се од голема важност во диференцијалната дијагноза помеѓу меланомот и бенигните лезии.

Малигните тумори најчесто се големи со неправилни рабови.

Бенигните меланоцитни лезии се добро ограничени и нивните крајни маргини се сочинети од гнезда на меланоцити.

Малигните лезии се асиметрични во повеќе аспекти: екстензија кон надвор, проширување кон дермалните делови на кожата, архитектура на епидермалната и дермалната компонента, типот на клетки, дистрибуција и степен на пигментација итн.

Најсилна индикација за малигнитет е качување на меланоцитите. Ова се однесува на ширењето на меланомот низ целата дебелина на епидермисот, спротивно од бенигните меланоцити, кои ги има само на дермо-епидермалниот слој.

Антигенскте маркери се многу корисни при одредување на дијагнозата во тешки случаи. Најшироко користени маркери се S-100-протеинот и HMB-45, кои може да бидат детектирани со антитела во парафинските исечоци од ткивото.

Покачување на S-100 протеинот даваат сите подтипови на меланоми, но не е специфичен само за меланомот. Покачување на овој протеин може да се види и кај саркомите, туморите на нервните обвивки и кај некои карциноми.

HMB-45 е помалку осетлив, но неговото зголемување е поспецифично за меланомот.

Инвазивниот меланом понекогаш е проследен со воспалителна реакција во форма на лентеста лимфоцитна инфилтрација, лоцирана на базата на туморот, а понекогаш е придружен со фиброза и ангиогенеза (новосоздадени крвни садови).