• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Дијагностички постапки Печати
Индекс на артикл
Дијагностички постапки
Дијагноза на малигни меланом
Патолошка дијагноза на меланом
Дополнителни дијагностички испитувања
Сите страници

Дијагноза на немеланомски кожен карцином (carcinoma planocelullare cutis, carcinoma basocellulare cutis)

Во дијагнозата на кожниот карцином игра важна улога анамнезата и физикалниот преглед од страна на дерматолог.

Лекарот зема детални податоци за почетокот на болеста, односно за тоа кога се јавила лезијата, каква била во почетокот, како се ширела, и за сите други симптоми и знаци на болеста.

Со физикалниот преглед, искусниот дерматолог може со сигурност да оцени дали некоја лезија е сомнителна за кожен карцином или не. При физикалниот преглед се обрнува особено внимание на присуството на туморски сателити, „попатни метастази" (in transit metastsis), како и на статусот на регионални лимфни јазли.

Сепак, дефинитивна дијагноза се поставува со земање биопсија од промената на кожата. Постојат 4 начини на земање на биопсија и тоа:

  • биопсија со гребење (shave),
  • перфорациона биопсија (punch),
  • ексцизиона биопсија,
  • инцизиона биопсија.

Биопсијата со гребење подразбира отстранување на површинскиот слој на лезијата со скалпел и таа би требало да се избегнува доколку не се работи за очигледен нодуло-улцерозен, површински и цистичен базоцелуларен кожен карцином, за кој овој тип на биопсија е сооветен.

Перфорационата биопсија се врши со кружна скалпел-клешта, со која се врши ексцизија на мал примерок од лезијата, сé до поткожното ткиво. За мали лезии, оваа биопсија е еквивалентна на екцизионата биопсија.

Оваа биопсија е погодна за сите лезии, вклучувајќи ги и оние што се сомнителни за кожен карцином, за малиген меланом и аднексални карциноми.

Ексцизионата биопсија е едноставна ексцизија со скалпел и се користи кај мали лезии (особено оние помали од 3 mm), кои се сомнителни за немеланомски кожен карцином (базоцелуларен и планоцелуларен), за кератоакантом, малигни меланом и аднексален карцином. При ексцизионата биопсија се отстранува комплетно целата лезија.

Инцизионата биопсија претставува отстранување на само еден дел од лезијата и се препорачува како почетна биопсична процедура за поголеми лезии (> 1 sm).

По земањето на материјал со биопсија, тој се носи на патохистолошко испитување, при што се поставува дефинитивна дијагноза од страна на патолог. Патологот го одредува хистолошкиот тип на туморот, како и степенот на диференцираноста. Тоа е многу важно за понатамошно одредување на соодветна терапија.