• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Како влијае исхраната врз однесувањето на луѓето

Порастот на агресивноста кај младите луѓе воглавно се поврзува со психолошките и социолошките фактори. Но, се поголем број научници се убедени дека причината за овој проблем не треба да се бара само во општеството или во моралот, туку и во неправилната, погрешна исхрана на модерниот човек.

Имено, младите се хранат само со храна наречена „ѓубре“ или како што ја викаат популарно англичаните „junk food“. Тука спаѓаат хамбургерите, пржените компирчиња, конзервите и индустриските слатки. Оваа храна обилно се залива со „Coca-Colla“ и други безалкохолни пијалоци.

Калифорнискиот криминолог Стивен Шентлер, во тек на 10 години објавил повеќе од 800 истражувања, кои ги спровел по американските затвори и поправни домови. Тој драстично ја менувал исхраната на затворениците. Наместо газирани, синтетички пијалоци, тој ги вовел овошните сокови, го намалил процентот на шеќер, го зголемил процентот на витаминот Б и на минералите, како што се магнезиум, алуминиум и меркуриум.

Резултатите од неговиот експеримент биле во тој степен убедливи што на еден убиец на суд во САн Франциско му признале намалена пресметливост поради претерано уживање на „junk food”.

Оваа хипотеза ја подржуваат и многу други угледни научници. Чарлс Патрик Ивинг, од државниот универзитет во Њујорк, еден од најеминентните американски присхолози, изјавил „Не може да се оспори дека за насилството меѓу младите се виновни и насилството во семејството, дрогата и сиромаштијата. Но, исхраната веројатно е најважниот виновник.

Според мислењето на Питер Менсфилд, вештачката храна, која се базира на шеќер, хемиски бои и адитиви, влијае на минимум 10% од младите британски жители.

На другата страна на Пацификот, јапонскиот научник Нисамара Шинија, по повеќегодишно истражување, дошол до уште попоразителни сознанија, кои ги објавил во својот бестселер под име „41 година живот“.

Според неговите тврдења, тоа е просечниот животен век, кој го гарантира исхраната со „junk food“ и хемиски-синтетски напитоци.

Само 20% потрошувачи на инстант кафе имаат шанса да ја преживеат критичната просечна граница од 41 година и да поживеат уште десетина години.

Напуштањето на традиционалната јапонска исхрана – риби, школки, ракови, свежо овошје и зеленчук и доста ориз, предизвикало драстичен пораст на раната смртност од срцеви и малигни заболувања.

 

Прочитајте и: