• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што се атероми? Печати

Атеромите или лојните цисти се бенигни тумори на кожата. Тие настануваат со запушување на лојните жлезди на кожата. Со оглед на тоа што лојните жлезди се ексреторни жлезди (жлезди со надворешно лачење), ако им се запуши каналот, тие не се празнат, туку се зголемуваат. Се јавуваат во форма на беличести топчести јазли на кожата. Во почетокот, атеромите се меки, исполнети со лој. Со тек на време тие стануваат тврди. Најчесто се локализирани на кожата на главата и тоа на косматиот дел, на лицето, околу ушите, на вратот и на грбот.

Атеромите обично не предизвикуваат пречки во функцијата на кожата, но доведуваат до нарушување на естетскиот изглед, особено ако се локализирани на лицето. Сепак, атеромите може да се инфицираат и да загнојат. Тогаш кожата над атеромот е црвена, болно осетлива, а лојната содржина се претвара во гној.

Најчесто се јавуваат на вратот и грбот, но можат да се појават и по телото.

Најдобро е атеромот да се дијагностицира и отстрани пред да се инфицира.

Со радиобранови може да се отстранат само атероми со големина од 7-8 мм, и тоа само со една интервенција во траење од 10-20 секунди. Отстранувањето на атеромите со радиобранови е безболно и без стварање на лузни.

Ако се работи за поголеми атероми, неоходна е класична хируршка ексцизија, која се прави под локална анестезија. При хируршкиот зафат треба да се отстрани целиот атером, заедно со неговата капсула. Ако остане дел од капсулата, може да дојде до повторување на атеромот, односно до појава на рецидив. За да се реши проблемот, треба да се извади целата жлезда со капсулата.

Ако постои инфекција на атеромот, потребно е прво таа да се смири. Прво се прави инцизија на атеромот, при која се дренира гнојната содржина. По смирувањето на инфекцијата, се прави радикална операција, односно отстранување на целиот атером со неговата капсула.